Контакт

Компании

Шест организации од Македонија за наградата на ERSTE

Објавено пред

Шест организации од Македонија влегоа во потесен избор за наградата на ERSTE Фондацијата за општествена интеграција 2011, покрај 133-те проекти од вкупно 1.850 испратени пријави од 12 земји

Натпреварувањето за Наградата на ERSTE Фондацијата за општествена интеграција 2011 се одвиваше во најостра конкуренција до сега. Од 12 земји пристигнаа над 1850 проекти, во тек на три и пол месеци на траење на конкурсот. Изборните комисии внимателно ја спроведоа оценката и избраа 133 проекти од сите 12 земји кои учествуваа. (Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија).  Од Македонија во потесниот избор за оваа престижна награда влегоа проектите  „Големи и мали“ – „Големи и мали“, Скопје; Cycling the globe – ability challenge – Здружение на граѓани ГАИА Скопје; „Моќта на Уметничкото Соединување“ – Моќта на Уметничкото Соединување, Скопје;  Mladiinfo – www.mladiinfo.com – FEJS Macedonia, Скопје; Social Partnership in responsible society – Polio Plus – movement against disability, Скопје и Кретивни умови создаваат можности за работа – Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, Радовиш.„Процесот на селекција за нас секогаш претставува предизвик, имајќи предвид дека примаме многу добри проекти кои се занимаваат со темите на општествената интеграција. Во времиња на криза, непрофитните организации мораат да пронајдат нови начини на дејствување, како и алтернативни начини на финансирање, за да можат да продолжат со давањето помош и интергација на маргинализираните општествени групи“, изјави Дејан Петровиќ, менаџер на проектот Награда на ЕRSTE Фондацијата за општествена интеграција.Тим од експерти на ЕРСТЕ Фондацијата од 15 март до 30 април, со цел натамошна евалуација, ќе ги посети проектите кои влегоа во потесен избор во сите 12 земји. После тоа, сите 120 проекти ќе му бидат претставени на меѓународното жири кое ќе избере 30 победници. Наградите ќе им бидат врачени на победниците на церемонија која ќе се одржи во Прага на 20 јуни 2011 г.Триесет победници ќе ја поделат наградата со вкупен износ од 610 илјади евра, но и сите организации кои влегоа во потесниот избор ќе имаат корист. Покрај финансиската помош на ЕРСТЕ Фондацијата, PR консултантите ќе им пружат двегодишна поддршка во односите со јавноста, а ќе имаат прилика и да учествуваат во работилниците за изгардба на капацитетите (развој на општествено претприемаштво како алтернативен начин на финансирање, изградба на односи со медиумите, стекнување вештини во општествените медиуми). Покрај тоа, ќе им биде овозможено и присуство на веб сајтот на мрежата на ЕРСТЕ Фондацијата за општествена интеграција: www.socialintegration.org/network.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

НЕПТУН-семејството заедно со генералниот директор Горан Цветинов ги пронајдоа и наградија најуникатните палавковци

Објавено пред

Најголемиот синџир маркети за бела техника и електроника во Македонија, „Нептун“, предводен од генералниот директор, Горан Цветинов, континуирано работат на подобрување на корисничкото искуство, имплементирајќи нови начини, кои помагаат за подобро препознавање на потребите на потрошувачите. Како што секогаш се стремат кон подобро запознавање на потрошувачот, на ист начин постојано ги препознаваат и поддржуваат и семејните вредности.

Секој заеднички миг со семејството гради бесценети спомени, кои се вистинската смисла на животот. Секојдневната задача на секој родител во модерното окружување е често смислување на различни и забавни активности, исполнувајќи го времето на своите деца, кои секогаш се во потрага по нови „палави” предизвици.

Генералниот директор, Горан Цветинов, заедно со Нептун-семејството и нивниот долгогодишен партнер LG, ја согледаа потребата за повеќе забавни моменти и преку креативен и забавен фотопредизвик, ги разубавија и овековечија најпалавите моменти на децата, измамија многубројни искрени насмевки, а внесоа и нова свежина во дигиталниот свет.

30 дневниот фотопредизвик, во кој главната улога ја имаа најмалите членови, траеше до 20 февруари и имаше една единствена цел – преку фотографија, семејствата да си ги овековечат најинтересните и најсмешни моменти од своите мали палавковци. За целиот предизвик да биде поинтересен, „Нептун“ реши да награди тројца палавковци кои имаа најуникатни и најсмешни фотографии.

Овие 30 дена беа незаборавни за многу родители и деца, кои беа предизвикани од страна на Сара Мејс, Димитар Атанасовски, и нивната мала, слатка и палава Илина, кои преку фотографии ги истакнаа нејзините палавштини, креативни моменти и дружби.

По завршувањето на фотопредизвикот, кој несомнено помина одлично, со многу интересни, смешни и палави фотографии, објавени со hashtag-от #lgпалавковци и тагнување на @neptunmakedonija, најтешката задача ја имаше публиката, како и Сара, Димитар и Илина.

Довербата, лојалноста и палавите моменти на учесниците беше наградена со LG-производи. Генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов, и претставникот од LG, Јосип Радиќ, ги наградија првиот и вториот палавковец. Првата награда падна во рацете на @mavcoska_viktorija, чија фотографија беше наградена со LG телевизорот UHD TV LG 50 UN 7400. Со второто место се здоби палавата и уникатна фотографија на @maja_sah, која беше наградена со мобилен телефон LG Velvet. Третиот LG палавковец, беше избран од страна на Димитар, Сара и Илина и според нивниот заеднички избор третата награда ја доби профилот на @ackovadespina, која објави интересна и палава фотографија од својата ќеркичка, која ќе стане Нептун-инфлуенсер во некоја од следните кампањи на „Нептун“.

„Нептун“ и LG се заблагодаруваат на Димитар, Сара и Илина, кои помогнаа овој предизвик да биде вистинско ремек-дело, а упатуваат и голема благодарност до сите оние кои одлучија да ги споделат најубавите и најсмешни моменти од своите палавковци и ги направија овие 30 дена посебни и незаборавни.

Големото семејство на „Нептун“ и генералниот директор, Горан Цветинов, ги повикуваат семејствата да продолжат да создаваат спомени и да уживаат во моментите поминати со најмилите, а „Нептун“ ќе продолжи да наградува и изненадува со иновативни технолошки решенија за нивните домови и секојдневие.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Боинг“ ги приземји авионите од типот „777“

Објавено пред

Федералната администрација за воздушен сообраќај на САД (ФФА) издаде предупредување за авионите „боинг 777“.

Потегот се случи откако откажа моторот на авион од овој тип на компанијата „Јунајтед“ над Денвер, Колорадо, а негови делови паѓаа врз куќи. Исто така, наредена е итна инспекција на ваквите авиони.

Шефот на ФФА, Стив Диксон, објавил дека директивата се однесува на авиони опремени со мотори „Прат Витни PW 4000“ и најави дека по инспекцијата, некои авиони ќе бидат повлечени од употреба.

Истата препорака ја издаде и компанијата „Боинг“, а во Јапонија, овие авиони се приземјени до ново известување.

Компанијата „Јунајтед“ објави дека доброволно ќе ги приземји 24 авиони од тој тип во наредните денови.

„Боинг“ објави дека во моментов се користат 69 авиони со мотори PW 4000 и дека 59 од нив се приземјени во хангари.

Во ист ден се случи сличен инцидент и во Холандија, кога делови на авион „боинг 747“, почнале да паѓаат на земјата кога избил пожар во еден од моторите.

Прикажи повеќе...

Економија

Официјално претставен новиот 911 GT3 со врвната експертиза од Porsche Motorsport

Објавено пред

Ланецот е пуштен. Porsche ja ослободи моќта на 911 GT3. Петтата генерација на овој спортски автомобил со високи перформанси беше развиена во тесна соработка со Porsche Motorsport. 911 GT3 jа пренесува чистата тркачка технологија во сериско-производен модел дури и поконзистентно од кога било досега. Суспензијата на предната оска со двојни напречно поставени водилки и софистицираната аеродинамика со задното крило и впечатливиот дифузер потекнуваат од успешниот тркачки автомобил GT 911 RSR, а четири литарскиот боксер мотор од 375 kW (510 кс) со шест цилиндри се базира на погонскиот систем на 911 GT3 R, испробан и тестиран во долгите трки за издржливост (Endurance). Акустично импресивниот мотор со висок вртежен момент се користи практично непроменет во новиот 911 GT3 Cup. Резултатот е брилијантна машина за возење: ефикасна и емотивна, прецизна и со високи перформанси – совршена за тркачките патеки и врвна за секојдневна употреба.

Карактеристичната моќност на 911 GT3 лежи во збирот на неговите карактеристики. Со максимална брзина од 320 км/ч (318 км/ч со PDK) е дури и побрз од претходниот 911 GT3 RS. Забрзува од нула до 100 км/ч за 3,4 секунди. Porsche го нуди и новиот модел со шестстепен мануелен менувач за особено пуристичко возење. Софистицираната аеродинамика произлегува од искуствата стекнати во мотоспортот и генерира значително поголема моќност без забележливо влијание на коефициентот на воздушен отпор. Во позиција на врвни перформанси, мануелно приспособливите елементи на крилото и дифузерот значително го зголемуваат аеродинамичниот притисок за големи брзини во свиоците. Но сепак, ова е резервирано само за возење на тркачки патеки, бидејќи таму 911 GT3 може да ги прикаже сите свои адути. На „Nordschleife“ во Нирбургринг, традиционалниот репер за сите спортски автомобили на Porsche, постави импресивен рекорд: 911 GT3 стана првиот сериски производен модел со атмосферски мотор кој ја скрши бариерата од 7 минути по круг. Возачот кој беше дел од развојот, Lars Kern, постигна време од 6 минути 59 секунди и 927 стотинки за цел круг од 20,8 километри. Пократката патека од 20,6 километри, која претходно служеше како репер, 911 GT3 ја заврши за 6 минути 55 секунди и 2 десетинки. Со дополнително достапните гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 R, новиот модел доследно ги прикажуваше своите перформанси во текот на неколкуте круга во стручните раце на амбасадорот на брендот Porsche, Jörg Bergmeister. За Bergmeister, тоа е „убедливо најдобриот автомобил“ кој искусниот професионален возач некогаш го возел на „Зелениот пекол“.

И покрај зголемената ширина на возилото, поголемите тркала и дополнителните технички карактеристики, тежината на новиот GT3 е на исто ниво со претходникот. Со рачен менувач тежи 1,418 килограми, со PDK 1,435 килограми. Предната хауба изработена од зајакната пластика со јаглеродни влакна (CFRP), лесни стаклени прозорци, оптимизирани дискови за сопирање и тркала од лесна алуминиумска легура обезбедуваат врвна дисциплина во тежината. Лесниот спортски издувен систем ја намалува тежината за десет килограми. Со бесконечно електрично прилагодливи издувни клапи, тој обезбедува мошне емотивно звучно искуство.

Неговите тркачки гени се изразени практично во сите детали на новиот 911 GT3. Кокпитот е во согласност со сегашната генерација на модели. Нова карактеристика е екранот за патеката: со притискање на копче, ги намалува дигиталните дисплеи лево и десно од централниот брзинометар, што достигнува до 10.000 вртежи во минута, до информации како што се индикатор за притисок во гумите, притисок на маслото, температура на масло, ниво на резервоар за гориво и температура на водата, информации кои се неопходни при возење на патека. Бројните системи, вклучуваат и асистент за визуелно менување со ленти во боја лево и десно од бројачот на вртежен момент и светло за промена на брзина префрлено директно од Motorsport одделот.

Особено за GT моделите на Porsche, клиентите се повеќе бараат високо ниво на персонализација во изборот на опремата. Поради оваа причина, опсегот на Porsche Exclusive Manufaktur достапен и за новиот 911 GT3 е дополнет со специфични опции за GT3, како што е лесен покрив направен од јаглеродни влакна. Дополнителните елементи вклучуваат капаци на надворешните ретровизори изработени од карбон, затемнети LED Matrix фарови и задни светла со ексклузивен дизајн кој се протега по целата должина на задниот дел. Алуминиумските фелни во Guards Red или Shark Blue боја особено ја зголемуваат персонализацијата на возилото. Во внатрешноста, деталите на опремата, како што се бројачот на вртежи и стоперката на Sport Chrono, сигурносните појаси и останатите елементи во внатрешноста, ги нагласуваат деталите на каросеријата, или бојата по избор на корисникот.

Првиот 911 GT3 беше лансиран во 1999 година. Се засноваше на сериите од моделот 996 и генерираше 265 kW (360 КС) од 3,6 литарскиот мотор. Со Walter Röhrl зад воланот, перфектно прилагодениот GT3 беше првиот спортски автомобил кој заврши круг на патеката во Нирбургринг „Nordschleife“ за помалку од осум минути. Втората генерација на GT3 следуваше во 2006 година. Се засноваше на 911 Type 997 и дебитираше со 305 kW (415 КС). Во 2013 година, наследникот првично започна со 3,8 литри и 350 kW (475 КС). Две години подоцна, моторот се зголеми на 4,0 литри, испорачувајќи 368 kW (500 КС).

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија14 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија16 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ18 часа

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет18 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија19 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија20 часа

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет20 часа

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија21 час

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија22 часа

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет1 ден

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија1 ден

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија1 ден

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија1 ден

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија1 ден

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија2 дена

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија2 дена

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија2 дена

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија2 дена

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Досие