Компании
Во Лондон најдобри, 'Рамада Плаза Гевгелија' без конкуренција
Првпат хотел од Македонија, „Рамада Плаза Гевгелија“ е награден во Лондон за најдобар хотел во Европа, Блискиот исток и Африка.
„Виндам Хотел Груп“, најголемата хотелска компанија во светот со околу 7.260 хотели му ја додели Златната награда за исклучителен квалитет за 2012 година на хотелот „Рамада Плаза Гевгелија“.
Претставен на свечената церемонија на Виндам за Европа, Средниот исток и Африка во хотел „Виндам Гранд Лондон Челзи Харбер“ во Лондон на 12 декември 2012, „Рамада Плаза Гевгелија“ беше награден со најдобрите во глобалното портфолио на компанијата.
За да се квалификува за Златна награда, хотелот мораше да поседува најдобар квалитет во услугата за гостите, хигиена и водење според стандардите на брендот.
„Рамада Плаза Гевгелија е навистина фантастичен хотел кој може да се гордее со задоволството и лојалноста на гостите. Честитки до вработените во хотелот за ова значајно достигнување и благодарност до нив за нивната посветеност на брендот“, изјави Руи Барос, сениор заменик претседател и директор на „Виндам Хотел Груп“ за Европа, Средниот исток и Африка.
„Ова е голема чест за нашиот хотел и доказ за напорната работа на нашиот прекрасен тим. Горди сме што нашиот хотел кој постои само две години во Македонија со својот квалитет на услуги и резултати стана конкурентен на пазарот на светски познатите хотели со долгогодишно искуство и успеа да добие такво меѓународно признание. Продолжуваме да постоиме за нашите ценети гости и да нудиме сместување со квалитетни услуги и високи стандарди кои се очекуваат од еден Рамада хотел“, рече Петко Митов, генерален директор на „Рамада Плаза Гевгелија“.
„Виндам Хотел Груп“ е најголем светски провајдер и франшизер на разновидни производи и услуги поврзани со патувања за бизнис и индивидуални корисници, со сопственост на 15 брендови, 7.260 хотели, 618.100 соби во 66 држави низ целиот свет.
Еден од неговите брендови е „Рамада Ворлдвајд“, синџир од 900 хотели во над 50 држави, а „Рамада Плаза Гевгелија“ (Принцесс Гроуп) како дел од тој синџир постои од 2010 година, со локација на граничниот премин Богородица во Република Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

