Контакт

Компании

Белгиски „VanHool“ објави голем оглас за вработување во Македонија

Објавено пред

Белгиската компанија „ВанХол“ којашто неодамна отвори производен капацитет во слободната зона Бунарџик, во саботното издание на дневниот весник Дневник објави оглас бара лица за вработување на неколку работни позиции, проект кој на крајот треба да создаде 400 работни места во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата со огласот бара тим лидери, заварувачи, столари, електричари, инсталатери, механичари, автолимари, автолакери, полирачи, инсталатери на прозорци, општи монтери, тапетари, контролор на залихи, набавувач, администратор за логистика и царина, оператори во магацин, техничари на квалитет, техничар во лабораторија, контролен техничар, техничарза квалитет, техничар за одржување на зграда, техничари за машинско одржување и управување со отпаден материјал, координатор за безбедност и здравје при работа, IT координатор, тренинг асистент и асистент по трудова медицина.

Минимум услов за сите позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока и соодветно работно искуство во производство.

За некои позиции е потребно и познавање на англиски јазик. За позицијата координатор за безбедност и здравје при работа потребна е завршено високо образование на некој технички факултет и соодветно работно искуство од областа.

Предност ќе имаат кандидатите со лиценца.

Важно е при испраќањето на CV кандидатот да назначи во насловот на пораката за која позиција аплицира.

Еден кандидат може да аплицира и за повеќе позиции, а селектираните кандидати потоа ќе бидат повикани на интервју.

Белгиски „ВанХол“ е производител на автобуси со просечно годишно производство од 1.400 автобуси и четири илјади комерцијални возила од кои 80 отсто се извезуваат низ целиот свет, со што најавите за вработување преку пристигнатите странски инвестиции веќе почнуваат да се остваруваат.

Фабриката е лоцирана во ТИРЗ Скопје, а инвестицијата, според најавите, изнесува 30 милиони евра. Компанијата одлуката за инвестирање во Македонија ја донесе по средбите со владините претставници за време на роуд шоуто во Брисел во ноември минатата 2012 година.

Како што беше најавено, фабриката ќе отвори нови 400 работни места и ќе го зголеми извозот за 100 милиони евра.

Со изградбата на фабриката, Македонија повторно ќе стане ивозник на автобуси. Првата тура од 500 автобуси компанијата веќе ја има потпишано и ќе се пласира на американскиот пазар.

„ВанХол’ е основана во 1947 година и во моментов вработува повеќе од четири илјади работници./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Објавено пред

· Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј.

dobivaj vesti na viber

· Импресивно аудио искуство: со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на засилувачот, премиум звучниот систем SONOS нуди импресивно, виртуелно искуство.

· Прилагодена шема на бои: осветлените внатрешни панели на вратите со избор од 30 бои, создаваат емоционално привлечна атмосфера.

Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето.

Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и распоредот фокусиран на корисникот, држачите за чаши и покриената фиока за полнење ја одразуваат филозофијата на Audi за „визуелна јасност“. Во срцето на сè е дигиталната сцена: панорамскиот дисплеј – со 11,9-инчниот Audi Virtual cockpit plus и 12,8-инчниот MMI екран на допир – има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле на возачот. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.

Повеќе простор благодарение на паметните контроли

Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола, ново корисничко искуство и чувство на поголем простор. Со рачката од десно се избира брзината, додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и функциите за чистење на шофершајбната. Елиминирањето на менувачот од централната конзола ослободува дополнителен простор. Просторот се користи за два држачи за чаши и голем простор за складирање под централниот потпирач за раце што се прилагодува по висина. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C порти, може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.

Светлосните ефекти создаваат атмосфера

Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување (пакет за амбиентално осветлување plus/pro) го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Јохен Штумпф, развивач на системи за внатрешно осветлување, објаснува: „Тука работевме со светлосни водичи, LED модули и дифузери. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата.“ Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. Штумпф додава: „За да се постигне овој ефект, над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои, поради нивните различни големини, покажуваат динамична прогресија на осветлувањето – дури и при отклучување и заклучување на Q3.“ Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.

Виртуелно генериран звук

Опционалниот SONOS премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Фолкер Земан од маркетингот на производи објаснува: „Целната употреба на звучни рефлексии создава ефект на звук кој те опкружува што го интензивира просторното восприемање на звукот. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште.“

Достапни се четири конфигурирани звучни профили (неутрален, концертен, салон и подкаст), плус прилагодлив звучен профил. Купувачите исто така имаат можност да го подобрат своето звучно искуство со функции што можат да се додадат во секое време преку Функции на барање (FoD). Пакетот со звучни функции го дополнува избраниот звучен систем со три дополнителни функции. Интензификацијата на басот создава попрецизно и помоќно искуство со бас. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.

Одржливо дизајниран ентериер

Достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од ткаенина Impressum се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Затоа, Audi се фокусира и на идно ориентирано и ефикасно користење на ресурсите во Audi Q3.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, зголеменото производство на ОПЕК+ и американското производство на шкрилци сигнализираше презаситеност на пазарот, вршејќи долгорочен притисок врз цените. Инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати ги зголемија трошоците, додека растот на глобалната побарувачка се намали на најниско ниво од 2009 година до денес, поттикнато од силната потрошувачка на земјите во развој, но и стагнацијата во развиените економии. На нашето работење во Република Северна Македонија, оваа динамика влијаеше на зголемување на увозните трошоци и поголема ценовна нестабилност, што наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите.

Во вториот квартал од 2025 година, обемот на продажба достигна вкупно 294 илјади м³, што претставува пад од 3% на годишно ниво, пред сѐ поради зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. ЕБИТДА во вториот квартал од 2025 година ги надмина резултатите од претходната година за 28%, во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 167 милиони денари, што е зголемување од 14% споредено со истиот период лани.

Во првата половина од 2025 година, приходите од продажба изнесуваа 17.779 милиони денари, што претставува намалување од 21% споредено со истиот период минатата година. ЕБИТДА забележа мал раст во споредба со истиот период лани, како резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари).

Прилагодената ЕБИТДА достигна 305 милиони денари, што претставува раст од 19% споредено со истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување се зголеми за 107% на 236 милиони денари.

Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на одржливиот развој, компанијата инвестираше 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првата половина од 2025 година. Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки.

ОКТА ја потврди својата посветеност на безбедноста на патиштата и општествената одговорност во вториот квартал од 2025 година, во согласност со нејзината Стратегија за општествена одговорност. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, компанијата започна две кампањи за подигање на јавната свест, фокусирани на подобрувањето на безбедноста на патиштата. Понатаму, ОКТА донираше дрон опремен со напредна технологија за рано откривање пожари на Јавното претпријатие Национални шуми, зајакнувајќи ја неговата улога во спречувањето на пожари. Иницијативата беше надополнета со едукативна кампања насочена кон подигање на јавната свест за ризиците од невнимание.

Компанијата исто така продолжи да ја поддржува културата преку спонзорирање на повеќе еминентни културни настани. Во текот на вториот квартал од 2025 година, ОКТА остана силно посветена на развојот на младите преку иницијативи во кругот на компанијата, како што се програмата „Учење преку работа“, праксите и програмата за доделување на стипендии.

Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност – овозможувајќи ѝ на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.

Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија2 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија2 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија2 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија3 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија3 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија4 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија4 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија6 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ8 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија18 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија19 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија23 часа

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија23 часа

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија23 часа

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија1 ден

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија1 ден

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија1 ден

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...

Македонија1 ден

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ1 ден

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...