Компании
Со „Визер" и од Скопје до Гетеборг
„Визер”, најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа денеска најави дека поради големата побарувачка за нискотарифни летови од скопскиот аеродром, од 31 мај ќе се отвори уште една линија, кон Гетеборг.
Покрај популарните Малме и Стокхолм во Шведска, „Визер” од сега ќе лета и Скопје-Гетеборг. Со оваа најнова дестинација,„Визер” очекува во текот на 2013 година да пренесе 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики” во Скопје, што претставува пораст од 300 отсто во споредба со 2012 година.
Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството. Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари – за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.
„Денешната најава преставува уште една добра вест за локалниот туризам и за жителите на Скопје. Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за нашите шведски клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Визер. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор. Никогаш од Скопје не можело да се лета до толку дестинации со нискотарифни билети. Со нашата љубезна услуга, чест ни е што ние во Визер ќе можеме да понудиме многу повеќе на патниците од Македонија”, рече во среда извршниот потпретседател на„Визер”, Џон Стивенсон, кој е во посета на Скопје.
„Навистина сме среќни што сега македонските граѓани можат да летаат до толку многу дестинации од скопскиот аеродром. Визер започна со Лондон и Венеција, потоа отворија база во Македонија и воведоа шест нови линии, како и најновите дестинации – Стокхолм и Гетеборг. Очигледно Визер се задоволни со услугите на аеродромот „Александар Велики” во Скопје и ние со задоволство ќе продолжиме да ги опслужуваме и Визер и нашите драги патници во 2013 година и понатаму”, додаде тој
До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17.20 часот, со воздухоплов од типот Airbus A320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

