Компании
Шпаркасе Банка ги додели наградите од проектот Best of South EastСкопје,
Шпаркасе Банка Македонија ги додели во петокот трете награди од конкурсот за стипендии за обука и стажирање во Штаермеркише Шпаркасе Грац.
Програмата во Македонија се реализираше со поддршка на Економскиот и Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј‘‘ Скопје, во соработка со Универзитетот во Грац, „Штаермеркише Шпаркасе“ и „Шпаркасе Банка Македонија“. Наградите ги доделија Саша Боко, член на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“, деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулевски и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски.
„Вложувањето во едукацијата и развој на талентот кај младите е еден од приоритетите во корпоративното делување на нашата банка. Програмата ‘Best of South East‘ покажува одлични резултати, повторно тројцата најдобри студенти од Македонија ќе патуваат на обука и доусовршување во Грац, Австрија. Програмата обезбедува можност за афирмација на младите личности, заокружување на образованието и секако, единствена можност да стекнат меѓународно искуство кое многу значи во денешното конкурентно опкружување“, рече Саша Боко.
Додаде дека „Шпаркасе Банка Македонија“ ја продолжува својата определба да биде активен член на општеството преку реализација на проекти во рамките на стратегијата за општествено делување и корпоративното управување. Иницијативите во доменот на вложување на општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на најмладите и образованието.
„Успешноста на овој проект најмногу се гледа преку интересот на студентите и нивната желба да влезат меѓу најдобрите. Времето поминато во европскиот банкарски свет е непроценливо искуство кое понатаму ќе можат да го искористат‘‘, рече деканот на Економскиот факултет, Дракулевски
Годинешните добитници на награди од програмата „Best of South East‘‘ се Дијана Јаневска, којашто доби едногодишна обука во „Штаермеркише Шпаркасе“ или во друга компанија во Штаерска а воедно своето школување ќе го продолжи на универзитетот во Грац, Мартина Каратрајкова и Ангела Николовска, кои добија можност да го продолжат своето школување на универзитетот во Грац, како и да стекнат практично искуство преку двомесечното стажирање во „Штаермеркише Шпаркасе“ или во друга компанија во Штаерска.
„На наше задоволство, годинава и студените на Правниот факултет се вклучија во оваа реномирана програма на Шпаркасе Банка. Тие ќе можат да го надоградат своето знаење и вештини, да стекнат нови пријатели и секако, да се вратат во Македонија побогати за едно огромно искуство“, рече Борче Давитковски, Декан на Правниот факултет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

