Контакт

Компании

Комплетен пакет од 'Blizoo' за новогодишните празници

Објавено пред

Сите нови корисници на пакетите на операторите Blizоo кои ќе потпишат договор до 31-ти декември 2013 го добиваат пакетот „Делукс“ по намалена цена

Телекомуникацискиот оператор „Blizoo“ од вторникот го лансираше новиот пакет со три услуги „Старт Делукс“, во кој се вклучени бројни поволности за новите корисници.

Промотивниот пакет ги содржи: сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали (HD пакетот, Супер, Супер плус и Тринг макс); интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер; и фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на Blizoo

Пакетот е со цена од 999 ден. месечно и е дополнет со бесплатен КА модул, уред за дигитална телевизија и бесплатен модем за интернет и телефонија. Оваа ограничена понуда важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор на 24 месеци до 31-ви декември 2013 година.

„Пред официјалниот крај на оваа исклучително успешна година за „Близу“ решивме да го збогатиме своето портфолио со уште една одлична комбинација на услуги, за неверојатно достапна цена и со одлични придобивки за оние кои ќе станат нови членови на нашето корисничко семејство“, изјави Искра Секуловска, маркетинг директор во Blizоo.

Од операторот најавија зголемени активности во претстојниот предновогодишен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници./крај/мф/сн

Економија

„Алкалоид“ со потврдени сертификати за Европската Унија за добра производна пракса

Објавено пред

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (JAZMP), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на „Алкалоид“ АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP). Тие се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини во согласност со Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган. Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

„Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на ‘Алкалоид’ АД е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници, се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, притоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап што го практикува и спроведува во севкупното свое работење“, соопштија од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

Објавено пред

Новата продавница на ИКЕА сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите свои продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив туку нема да има простор за паркирање.

Овој иновативен концепт е насочен кон урбаниот клиент и исто така укажува на одличниот систем за јавен транспорт во Виена, пренесува интернет-страницата My modern met.

IKEA Vestbanhof ќе го опфати целиот спектар на производи што клиентите ги очекуваат, но има и една новина, имено поголемите парчиња мебел ќе бидат доставени на адресата во рок од 24 часа. Тоа е нов начин на купување, кој обезбедува удобност и практичност.

Неконвенционалниот дизајн на зградата е заеднички напор на архитектите на едно виенско студио и архитектите на ИКЕА. Целта била да се создаде неформален простор за целата заедница да ужива. Зелениот покрив ќе биде отворен за јавноста дури и по работните часови на ИКЕА.

Покрај зеленилото, ќе има кафуле во областа, објави Klix.ba.

Прикажи повеќе...

Економија

„Тојота“ повлекува 3,4 милиони возила поради дефект

Објавено пред

„Тојота“ ќе повлече околу 3,4 милиони возила во целиот свет поради можен дефект на воздушните перничиња.

Одлуката ги опфаќа моделите „корола“, „корола матрикс“, „авалон“ и „авалон ХВ“ во Северна, Централна и во Јужна Америка, вклучувајќи 2,9 милиона возила во Соединетите Американски Држави.

„Тојота“ соопшти дека засега нема да има повлекување автомобили во Јапонија и Европа.

Возилата што ќе бидат повлечени потенцијално имаат проблем со електронската контролна единица, која можеби нема соодветна заштита од бучава.

„Ова може да предизвика воздушните перничиња да не се активираат или да не се активираат целосно, како и до тоа безбедносните појаси да не се затегнат пред судир“, објаснуваат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Регион21 минута

Туристите кои од Вухан стигнаа во Хрватска планираат да продолжат во БиХ

Кинеските туристи од градот Вухан кои пристигнале во Хрватска, планираат да ја посетат Босна и Херцеговина, пренесува „Индекс.хр“. Според информациите...

Македонија2 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура3 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет4 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион4 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет4 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет16 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион19 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет20 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ22 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет1 ден

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа1 ден

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија1 ден

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Досие