Компании
Адора со уникатен штанд на Саемот за недвижности
Со уникатен штанд во стилот на новиот маркантен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, што за рекорден рок од шест месеци го изгради до горна плоча во срцето на Скопје, Адора инженеринг по шести пат се претставува на Меѓународниот саем на недвижности RealExpo 2016 што денеска е отворен на Скопски саем.
Во фокусот на саемското претставување покрај овој нов симбол кој нуди врвно урбано домување и светски бизнис стил во центарот на македонската метропола, на штандот на Адора се и комплексот Аеродром, новиот ултрамодерен објект Адора Diamond Garden, кој во стил на дијамантска градина ќе се гради во Тафталиџе, Скопски Карпош, како и вредната награда бесплатно целосно универзитетско школување на Американ колеџ, што компанијата ја обезбеди за најсреќниот купувач на стан за време на саемот.
Посетителите на Саемот на недвижности можат да се запознаат и со другите награди и поволности што Адора постојано ги обезбедува за своите купувачи, како специјалните промотивни цени, подарокот осигурување на домот со купен стан во македонскиот Flatiron од Евроинс осигурување и наградата автомобил Мазда CX-3, за што најсреќниот купувач на стан ќе биде извлечен на отворањето на објектот Адора Flatiron Скопје.
„Адора инженеринг и годинава продолжува со инвестициите во градежништвото-високата градба што ќе бидат во вредност од 30 до 40 милиони евра, а продолжуваме и со реализација на проектите започнати минатата година, кога инвестициите достигнаа 50 милиони евра, каде комплексот Адора Flatiron Скопје учествуваше со 22 милиони евра или 11 % од вкупните инвестиции во високоградбата во Македонија. Инвестицискиот бум продолжува и годинава, со ангажман на околу 500 вработени, а продажбата во првите два месеци во Адора инженеринг е зголемена за 146 % во однос на првите два месеци од 2015-та, од што бенефит имаат сите, и купувачите, и инвеститорите и македонската економија во целина. Адора инженеринг постојано ги подигнува стандардите во високоградбата, во што е пионер во сите области со бројни иновации како докажувањето на асеизмичката стабилност, добивањето на првиот енергетски пасош А-класа, иницијативата за сертифицирање на звучната изолација 80 % над македонските стандарди, што потврдува дека домовите на Адора инженеринг можат да се носат со многу европските и светски домови, со што може да се гордее градежниот сектор во Македонија“, рече генералниот директор на Адора инженеринг Ванчо Чифлиганец. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)