Компании
Air France го одложува планираниот развој на нискобуџетен превозник
Француската воздухоповна компанија Air France во понеделникот го одложи до декември планираниот развој на нискобуџетен превозник Transavia под притисок на штрајкот пилотите, кој ја загрижи и француската влада.
Одлуката за одложување ја објави главниот директор на компанијата Александр де Жуник, на осмиот ден од штрајкот, кој е најдолг во Air France од 1998 година. Превозникот дневно поради штрајкот губи 15 милиони евра, а бројот на летови е сведен на 41 отсто од планираните.
Штрајкот би требало да трае до петок, што значи дека загубите поврзани со штрајкот до 26 септември би можеле да се искачат на 180 милиони евра.
Пилотите во Air France штрајкуваат во знак на протест против плановите за развој на Transavia France, кој лета до туристичките дестинации, особено на Мадитеранот. Се стравува дека компанијата ќе се обиде да ги замени скапите пилоти на Air France, кои можат да заработаат и до 250 илјади евра годишно. Пилотите на Transavia имаат осетно пониски плати.
Проширувањето на Transavia е составен дел од планот кој би требало да ја зголеми заработката на компаниите, а предвидува и удвојување на бројот на авионите во флотата на Transavia до 2017 година, на 100 авиони. Се очекува и бројот на пзтници двојно да се зголеми на 20 милиони.
Во првата половина од година Transavia забележа оперативна загуба од 64 милиони евра, што е 10 милиони повеќе во споредба со истиот период лани. Главна причина за тоа е проширувањето на Transavia France. Бројот на патници на годишно ниво е зголемен за 6,9 отсто.
Раководството на Air France објави дека е подготвено до крајот на годината да го одложи планираното формирање на подружниците на Transavia во Европа, со цел да се продлабочи дијалогот со пилотите. Нагласија сепак дека целиот проект не може да биде доведен во прашање, пренесе агенцијата АФП.
Францускиот министер за транспорт Алан Видали предупреди дека поради наведениот спор на коцка би можела да се најде судбината на Air France. „Дисконтниот сегмент не е работа на избор, туку на потреба, тоа е реалност. Сметам дека пилотите не се сосема свесни за тоа“, рече министерот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

