Компании
Alibaba издава дополнителни акции, јавната понуда достига рекодни 25 млрд. долари
Alibaba Group ќе издаде дополнителни акции со што инцијалната јавна понуда на кинеската компанија за е-тровија би можела да стане најголемата во историјата со прибрани 25 милијарди долари, тврди Wall Street Journal.
Благодарение на големата побарувачка, во првиот ден од тргувањето на Волстрит цената на акцијата на Alibaba скокна во петокот а 38 отсто, што ги охрабри аранжерите на јавната понуда поради што одлучиле на берзата да понудат дополнителни акции, пишува WSJ.
Досега во јавната понуда се запишани околу 320 милиони акции на Alibaba по цена од 68 долари, со што се прибрани 21,8 милијарди долари.
Со тоа иницијалната понуда на акцијата на Alibaba стана најголема во историјата во САД. Visa во 2008 година, преку јавна понуда прибра 19,65 милијарди долари, а Facebook во 2012 година собра 16 милијарди.
Во дополнителната понуда би можеле да се најдат 48 милиони нови акции по цена од 68 милиони долари. Во тој случај вкупната вредност на јавната понуда би можела да достигне 25 милијарди долари.
На тој начин јавната понуда на Alibaba би станала најголема на светот, пред јавната понуда на акцијата на Agricultural Bank of China, во која во 2010 година беа прибрани 22,1 милијарди долари.
Откако цената на акцијата на кинеската компанија во петокот скокна за 38 отсто, на речиси 94 долари, пазарната вредност на Alibaba достигна 231,4 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на нејзините американски конкуренти Amazon.com и eBay заедно.
Притоа Alibaba вреди повеќе и од Boeing, Facebook, банката JPMorgan Chase и сите останати компании од S&P 500 индексот, освен првите десет.
Јавната понудат на акцијата на Alibaba се смета за исклучителн успех, со оглед дека според истражувањето на Ipsos околу 88 отсто од Американците никогаш не слушнале за компанијата.
Компанијата на е-трговија остварува околу 80 отсто од целокупната онлајн продажба во Кина. Минатата година оствари промет од околу 248 милијарди долари, додека бројот на нејзини активни корисници се зголеми за 14 отсто, на 230 милиони. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

