Компании
Alphabet го смени Apple на листата највредни светски компании
Благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати, цената на акцијата на Alphabet скокна во понеделникот над 5 отсто, со што оваа холдинг компанија на Google го прескокна Apple на листата најголеми светски компании според пазарна вредност.
Според деловниот извештај објавен во понеделникот, чистата добивка на Alphabet достигна во четвртото тромесечје од минатата година 4,92 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесуваше 4,68 милијарди.
Приходите на компанијата истовремено пораснаа за 17,8 отсто, на 21,33 милијарди долари.
Притоа приходите на Google од огласување пораснаа за речиси 17 отсто, на 19,08 милијарди долари. Бројот на огласи, или платени кликови, порасна во изминатиот квартал за 31 отсто на годишно ниво.
Alphabet во вчерашниот извештај за прв пат ги прикажа деловните резултати на самиот Google, кој го опфаќа интернет пребарувачот и YouTube, и на останатите деловни единици на компанијата, кои вклучуваат други онлајн сервиси и проекти во експериментална фаза.
И додека Google забележа силен раст на добивката, загубата на останатите деловни единици на Alphabet лани достигна 3,5 милијарди долари, што е последица на големите инвестиции во нови проекти. Но, тоа не ги загрижи аналитичарите.
„Се додека темелната дејност на компаниите силно расте, инвестициите во нови деловни објекти може да продолжат“, вели Роналд Џозеј, аналитичар во компанијата JMP Securities.
Благодарение на значително подобрите резултати од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата на Alphabet скокна во понеделникот во продолжено тргување по затворањето на Волстрит за над 5 отсто. Со тоа пазарната вредност на компанијата достигна 549 милијарди долари и сега Alphabet е најголемата светска компанија според пазарна вредност, пред Apple, која на пазарот вреди 534 милијарди долари.
Доколку останат цените на акциите на технолошките гиганти на сегашно ниво и во вторникот на почетокот на официјалното тргување на Волстрит, Alphabet и официјално ќе го смени Apple од водечкото место на листата кое го држи од 2011 година, кога според пазарна вредност го прескокна нафтениот гигант Exxon Mobil. /крај/мф/ап/
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

