Компании
Американската компанија Lear Corporation ќе инвестира во полошкиот регион
Претставници на американската компанија Lear Corporation и Министерот Веле Самак, задолжен за привлекување странски инвестиции, во присуство на премиерот Никола Груевски и владини претставници во четврток ќе потпишат договорот за нова инвестиција во полошкиот регион.
Корпорацијата ЛЕАР, водечкиот глобален добавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, на 19 мај официјално ја потврди намерата да инвестира во Македонија.
Со потпишување на договор со Владата на Република Македонија, компанијата превзема уште еден чекор кон отворање нова фабрика за производство на автомобилски навлаки за седишта.
За потребите на сите големи европски автомобилски производители, новиот објект на Леар првично лоциран во Гостивар ќе вработи околу 300 луѓе со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина.
Деловниот план на компанијата претставува инвестиција вредна над 15 милиони евра, лоцирана во ново-изграден објект во ТИРЗ Тетово кој треба да биде готов во средината на 2016 година. Со изградбата на новата фабрика се очекува и натамошна експанзија.
До 2018 година ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА планира да вработи од 1.500 до 2.000 граѓани, а согласно нивното искуство постои потенцијал тој број да достигне и до 3.000 нови вработувања.
Министерот Самак и неговиот тим повеќе од две години работат интензивно на убедување на Леар оваа инвестиција да се лоцира во Македонија.
„Горди сме што ова е веќе втора по големина фирма од рангот на Fortune 500 која одлучи да инвестира во Македонија покрај големата конкуренција во регионот. Особено значајно е што со оваа инвестиција ќе се отворат модерни работни места за многу млади и искусни луѓе во Гостивар и Тетово. Со оваа одлука само ја покажуваме нашата одлучност да бидеме најдобра дестинација за странските инвеститори и да се бориме за нови работни места“, истакна Самак.
Корпорацијата Леар (Lear Corporation) е еден од водечките глобални добавувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Леар го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот, и производите на Леар може да се најдат на повеќе од 300 називи на возила. Производите од светска класа на
Леар се дизајнирани, конструирани и произведени од различни тимови на приближно 132,000 вработени лоцирани во 34 земји. На листата на Fortune 500, Леар е рангирана на 177-то место. Седиштето на Леар се наоѓа во Саутфилд, Мичиген. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)