Компании
Американските власти ја истражуваат агенцијата Moody's
Американските власти ја истражуваат агенцијата за кредитни рејтинзи Moody’s поради високите оцени коишто пред финансиската криза во 2008 година им ги давала на хипотекарните кредити, пишува деловниот весник The Wall Street Journal.
Повикувајќи се на неименувани добро упатени кругови, The Wall Street Journal пишува дека службеници на американското министерство за правосудство имале седба со неколку поранешни директори на рејтинг агенцијата Moody’s. Сé уште не е познато дали истрагата ќе резултира и со судски процес.
Американските власти истражуваат дали Moody’s ги нарушил сопствените стандарди при оценувањето на хипотекарните кредити, пишува весникот. Вниманието на е насочено на одговорите за станбените хипотекарни кредити склучени во периодот од 2004 до 2007 година.
Позитивните оцени за хипотекарните кредити, за кои подоцна произлезе дека се многу ризични, беа главниот причинител на финансискиот колапс во 2008 година, потсетува новинската агенција AFP. Ниту од Moody’s, ниту од американското министерство за правосудство не биле достапни, засега, за коментар, напомнува агенцијата.
Вложувачите се потпираат на оцените на рејтинг агенциите при проценување на ризикот за инвестирање во одредени финансиски производи. Многу банки веќе платија огромни казни и оштети поради препакувањето и продавањето на споменатите обврзници, кои ги претставувале како сигурна инвестиција.
Доколку оваа информација за истрагата биде потврдена, Moody’s ќе стане втората голема американска агенција за кредитни рејтинзи која е цел на истрага на тамошните правосудни органи, откако агенцијата Standard & Poor’s, за која инаку се очекува дека во следните неколку денови ќе плати 1,37 милијарди долари за да го склучи спорот, исто така, покренат поради добрите оцени на хипотекарните кредити во времето на финансиската криза, рекле изворите на AFP./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

