Контакт

Компании

Apple ги претставува новите уреди

Објавено пред

Американската технолошка корпорација Apple подоцна во понеделникот ќе ги претстави најновите модели на своите уреди кои сé уште се чуваат во најголема тајност, меѓутоа познавачите во САД се согласни дека станува збор за новиот паметен телефон iPhone se и за таблетот iPad Pro.

dobivaj vesti na viber

Презентацијата е закажана за 10 часот по времето на Западниот брег на САД, односно 18 часот по македонско време, во седиштето на компанијата во Купертино, во сојузната држава Калифорнија, на која уште од пред две седмици од Apple ги поканија водечките технолошки експерти и новинари на американските медиуми кои се специјализирани за новините од областа на технологијата. Во салата во којашто ќе се одржува презентацијата има само 300 места, забележуваат медиумите, но она што ќе се случува во неа ќе може да се следи преку интернет. Се истакнува, исто така, дека во минатото компанијата за вакви прилики користеше многу поголеми простори.Повеќето американски медиуми кои се посветени на светот на високите технологии, пишуваат дека речиси е сигурно оти главниот настан ќе биде презентацијата на новиот паметен телефон iPhone со екран во дијагоналата од 10,16 сантиметри. Според авторитетните мрежни ресурси The Verge и 9to5Mac, уредот ќе биде во два модела наречени iPhone se, а не iPhone 5se како што пишуваа медиумите претходно. Тој ќе биде првенствено наменет за љубителите на производите на Apple кои би сакале попродуктивни апарати, но со помали димензии отколку што се најновите модели iPhone 6s и iPhone 6s Plus, со дијагонала на екраните од 12, односно 14 сантиметри.Според димензиите, новиот iPhone практично ќе биде ист како моделот iPhone 5s, но според сознанијата на агенцијата Bloomberg, ќе биде и како iPhone 6s, односно зајакнат со процесорот Apple A9. Главната камера ќе има резолуција од 8 мегапиксели, а фронталната 1,2 мегапиксели. Притоа екранот на iPhone se нема да ја поддржува технологијата 3D Touch, која беше имплементирана на моделот iPhone 6s. Таа му овозможува на уредот да реагира на дејствијата на корисникот во зависност од силината со која го допира екранот.Се очекува дека новиот уред ќе биде претставен во четири бои, и тоа златна, розова, сребрена и сива. Неговата цена во САД би се движела околу 450 долари.Според прогнозите на блогот The Verge, Apple, исто така, ќе го презентира и најновиот модел на таблет компјутерот iPad, кој ќе дојде како замена за iPad Air 2, кој беше претставен во САД во октомври 2014 година.Претходно медиумите пишуваа дека уредот ќе биде именуван како iPad Air 3, но според последните информации, во Apple решиле да го наречат iPad Pro. Новината, според сознанијата на 9to5Mac, е во тоа што овој модел ќе биде опремен со екран со 25 сантиметри во дијагоналата, со процесорот Apple A9X, како и со камера со резолуција од 12 мегапиксели, и ќе биде понуден во две варијанти: основна, со меморија од 32 гигабајти, и „напредна“ со 128 гигабајти меморија,Цената на iPad Pro во САД, според процените на експертите од технолошкиот сектор, нема да биде помала од 599 долари. Тој ќе го поддржува „моливот“Apple Pencil, како и преносната тастатура Smart Keyboard, којашто, како што се очекува, исто така ќе биде претставена во понеделникот.Според порталот Appleinsider, компанијата, исто така, може да ги претстави новите варијанти на дизајнот на новите паметни рачни часовници Apple Watch со функции како кај компјутер. Истовремено, не станува збор за „втората генерација“ на уредот, којашто се очекува дека ќе биде презентирана во септември годинава. Не е исклучено во Купертино сега да бидат претставени и нови програми и сервиси на Apple.Според мислењата на експертите, Apple е премногу зависна од побарувачката на уредите iPhone, на што отпаѓаат две третини од нејзиниот севкупен приход. Вкупната продажба на различните верзии на iPhone во почетокот на минатата 2015 година изнесуваа над 590 милиони уреди, кои на Apple му донеле приходи од над 155 милијарди долари. Челникот на корпорацијата Тим Кук претходно изјави дека очекува во иднина да се зголеми побарувачката на iPad уредите, како и зголемување на добивката од различните сервиси, вклучително и од музичкиот Apple Music.Основана во 1976 година, компанијата Apple произведува, покрај уредите iPhone I Pad, и музичките плеери iPod,  лаптопи и десктоп компјутери iMac, и друга опрема. Корпорацијата е една од најголемите во светот, нејзината пазарна капитализација надминува 530 милијарди долари./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ17 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија17 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија18 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија19 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија19 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион20 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија21 час

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија21 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет21 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет22 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа22 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет22 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет22 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа23 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...