Компании
Apple забележа рекордни приходи
Американскиот технолошки гигант Apple забележа рекордни приходи во кварталот што заврши во септември, соопшти во вторник вечер компанијата со предвидувања за добра продажба на iPhone апаратите за време на претстојните празници.
Приходите на Apple изнесувале 51,5 милијарди долари, во кварталот од јули до септември, што е зголемување за 22 отсто во однос на истиот период лани.
Apple продаде повеќе од 48 милиони iPhone апарати, што компанијата го наведе како рекордна продажба во тој квартал.
Нето профитот од јули до септември бил 11,1 милијарди долари, 30 отсто повеќе од претходната година, наведе компанијата и додаде дека 2015 година и е досега најуспешна.
Растот е поттикнат со рекордната продажба на iPhone апаратите во кварталот јули-септември, со поголемата распространетост на Apple часовниците и рекордната продажба на лап-топовите Mac, наведе компанијата.
Акциите на Apple малку пораснаа по објавата на извештајот и во вторник го завршија денот со цена од 114,55 долари по акција.
Прогнозата за добра продажба во сезоната на празници ја смири грижата кај инвеститорите дека продажбата на компанијата би можела да потфрли во однос на вонредната продажба во тој период минатата година.
Побарувачката за паметни телефони забавува ширум светот бидејќи, според наводите на независните истражувачи, мнозинството во развиените земји веќе имаат паметни телефони. Заради тоа многу аналитичари се прашуваа дали Apple може да продолжи да ги продава своите телефони со постојано забрзано темпо.
Компанијата предвидува дека во кварталот што завршува во декември незначително ќе го мине минатогодишниот одличен резултат од 75,5 милиони продадени iPhone апарати за време на сезоната на празници.
Генералниот директор на компанијата Тим Кук рече дека имало одличен одзив на најновиот модел iPhone 6S и 6S Plus, кој е пуштен во продажба два дена пред крајот на кварталот јули-септември.
Кук рече дека рекорден број луѓе преминуваат на Apple од телефоните на ривалските фирми.
Приходите на компанијата во Кина, Хонг Конг и Тајван биле 12,5 милијарди долари, што претставува 24 отсто од вкупната продажба на Apple и зголемување од 99 отсто во однос на приходот од минатата година од таа област, без оглед на знаците на забавување на кинеската економија. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

