Компании
Астон Мартин одлучи да гради фабрика во Велс
Британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин најави изградба на нова фабрика во Велс, во рамки на 200 милиони фунти вредната инвестиција која има за цел проширување на постоечката палета на производи и враќање кон профитабилното работење.
Британскиот бренд во среда објави дека новиот модел на кросоверот DBX ќе го произведува во Сент Атан, во близина на главниот град на Велс, Кардиф, кој беше избран во конкуренција од повеќе од 20 домашни и глобални опции кои беа разгледувани.Од Астон Мартин, познат по производството на спортскиот автомобил DB5 кој во филмовите го управува тајниот агент Џејмс Бонд, уште претходно истакнуваа дека се надеват оти новиот производен погон ќе го градат во Британија, но дека и најмалата финансиска поддршка ќе биде важен фактор при одлучувањето.Работењето на ова компанија последните години трпи негативни последици заради скапото повлекување на возила во 2014 година, остриот пад на продажбата по финансиската криза од 2007 и 2008 година, како и заради тоа што не е дел од автомобилската група како многу негови ривали во сегментот на луксузни возила.Британскиот бренд, меѓу чии сопственици се италијанската групација Investindustrial и кувајтската Tejara Capital, големи надежи полага во обновувањето на DBX, новиот DB11 модел за да ја освежи традиционалната линија на производи, како и неговиот прв електричен автомобил.При изборот на локацијата за изградба на фабрика се разгледувани места во Источна Европа, САД и локации во Британија, но заради неколку фактори е избрана локацијата на Royal Air Force во Велс, каде што Астон Мартин три хангари ќе адаптира во производни погони, рече портпаролот на компанијата.„Одлучувачки фактори при донесувањето на одлуката беа подготвеноста на локацијата, инфраструктурата и достапноста на висококвалификувани работници, како и проактивната природа на тамошната влада, Универзитетот Кардиф и самото подрачје во кое веќе постојат воздухопловна, одбранбена и други индустрии“, рече портпаролот, без да каже детали во врска со финансиската поддршка на владата.Астон Мартин од 2010 година не работи со добивка. Со изградбата на фабриката планира да започне во 2017 година, а се очекува таа да биде со капацитет и до 8.000 возила кои речиси во целост ќе се извезуваат во Кина и САД.Во план е отворање до 1.000 работни места во новата фабрика и во неговото актуелно седиште во Гајдон, централна Англија, каде што компанијата потврди дека ќе го гради новиот DB11 конвенционален спортски автомобил.Извршниот директор на Астон Мартин Енди Палмер за ББЦ изјави дека референдумот закажан за 23 јуни, на кој Британците ќе одлучуваат дали ќе останат во Европската унија(ЕУ), не влијаеше врз донесувањето на ова одлука. /крај/мф/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

