Компании
Атлантик Група оствари раст на продажбата и нето профитабилноста во првиот квартал
Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година оствари приходи од продажба во вредност од 154,4 милиони евра, што во споредба со првиот квартал од 2014 година, претставува раст од 3 отсто.
Добивката пред оданочување изнесува 9,6 милиони евра што претставува намалување за 14,2 отсто, додека нето добивката по исплата на малцинските акционери изнесува 5,8 милиони евра што значи раст од 39,3 отсто.
„И покрај пазарните предизвици во регионот и пошироко посебно во Русија и Украина, Атлантик Група во првиот квартал на 2015 година бележи раст на приходите од продажба и подобрување на профитабилноста. Во средина на март 2015 година пуштен е во употреба производниот погон за енергетски барови во Нова Градишка, што претставува најголем инвестиционен циклус на Атлантик Група во развој на производството, а успешно е започнат и процес на интеграција на компанијата Foodland, која со брендот ‘Бабините тајни’ ќе го зголеми асортиманот на производи на Атлантик Група. Во продолжение на 2015 година, фокусот ќе биде на натамошниот раст и интернационалното работење, управување со оперативните и финансиски ризици, оптимизација на работењето, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на управата на Атлантик Група.
Со отворање на современиот погон за енергетски барови во чија изградба и опремување е вложено 13 милиони евра, продолжува консолидацијата на производните капацитети на Атлантик Група, а производството на енергетски барови успешно е префрлено од надворешните договорни произведувачи, во сопствениот погон. Дополнително, во почетокот на оваа година српската комисија за заштита на конкуренција го одобри преземањето на компанијата Foodland, со што се исполнети условите за интеграција на компанијата во состав на Атлантик Група, и вклучување во консолидираните резултати за 2015 година. Во првиот квартал, фокусот е на интензивната интеграција на компанијата во составот на Атлантик Група, и во таа смисла се истакнува префрлувањето на регионалната дистрибуциска мрежа на Атлантик Група, и ширење на регионалното присуство на брендот „Бабините тајни“.
За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првиот квартал од 2015, најмногу придонесоа стратешката бизнис Слатко и солено со раст од 5,9 отсто, стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 9,8 проценти, стратешката бизнис во областа на производите од кафе со раст од 3,1 процент, стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 15,2 , Србија со раст 5,0 отсто, Словенија со раст 6,0 отсто. Кафето со 18,8 процентен удел во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со 28,7 милиони евра приходи од продажба.
Гледано по пазари, најголем раст од 11,7 проценти е остварен на пазарот во Хрватска што изнесува 25,8 проценти од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Србија со 22,6 проценти има најголем удел во вкупните приходи од продажба и оствари раст од 6,3 проценти.
Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 63,1 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 20,1 проценти, фармацевтскиот синџир Фармација со 7,2 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,5 проценти во вкупната продажба./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

