Компании
Атлантик Група оствари раст во работењето и најголем инвестициски циклус во 2014
Хрватската мултинационална компанија Атлантик Група во 2014 година оствари приходи од продажба во износ од 670,8 милиони евра, што во споредба со претходната година претставува раст од 2,4 проценти.
Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 57,8 милиони евра и порасна за 3,8 проценти додека нето добивката по исплатата на малцинските акционери изнесува 28,0 милиони евра и претставува раст од 2,6 проценти.
„И покрај тоа што 2014 година беше обележана од тешки макро и микроекономски услови, примарно намалена лична потрошувачка, силна депресијација на руската рубља, елементарни непогоди во регионот и негативно движење на повеќето пазарни категории, Атлантик Група бележи приходи и профитабилност во согласност со најавените очекувања и со постојано намалување на задолженоста. Горди сме на остварениот резултат, а во 2015 продолжуваме да се фокусираме на понатамошен раст и интернационализација на работењето, управување со оперативните и финансиските ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.
Работењето на Атлантик Група во 2014 година го обележа успешниот почеток на дистрибуцијата на асортиманот на Унилевер (Knorr, Hellman’s, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и многу други) на пазарот во Хрватска и Словенија како и изградбата на нова фабрика за енергетски барови Multipower од асортиманот на спортска и активна исхрана во Индустрискиот парк Нова Градишка. Со оглед на успешно завршената работа во предвидениот рок, технолошкиот тим започна со тестно производство во погонот за во првиот квартал од 2015 година производството да постигне целосна функционалност. Со ова е завршен најголемиот инвестициски циклус во проширувањето и развојот на сопствените производни капацитети во историјата на работењето на компанијата, со вкупна вредност од 13 милиони евра, се вели во соопштението на компанијата .
Со цел понатамошна интернационализација на работењето и зајакнување на брендираниот асортиман, во ноември 2014, Атлантик Група потпиша договор за 100 процентно преземање на компанијата Фудленд со седиште во Белград и производни погони во подножјето на Копаоник, во населбата Игрош. Најважниот дел од асортиманот на Фудленд под брендот Bakina tajna ги опфаќа деликатесните солени намази и сосови, слатки намази и природни сирупи и сокови од свежо овошје и зеленчук.
За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во 2014, највеќе придонесоа Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 3,1 процент, Стратешката дистрибутивна област Меѓународни пазари со раст од 4,8 проценти и почетокот на дистрибуцијата на Унилевер во Стратешката дистрибутивна област Хрватска и Дистрибутивната област Словенија. Кафето, со 20,1 процентен удел во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со 134,6 милиони евра приходи од продажба, стои во соопштението.
Гледано по пазари, најголем раст од 17,4 проценти е остварен на пазарот во Словенија што изнесува 15,8 проценти од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Хрватска со 25,1 проценти има најголем удел во вкупните приходи од продажба и оствари раст од 6,3 проценти.
Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,0 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,0 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,2 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 8,8 проценти во вкупната продажба. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)

