Компании
Audi A8 L extended, уникатен примерок изработен по нарачка на клиентите
Производителот на премиум автомобили Audi направи уникатна верзија на знаменосецот на моделот А8 овој пат со многу поголем формат – новиот член на семејството А8 е луксузната лимузина Audi A8 L extended.
Со тоа Audi докажа дека секогаш ги става желбите на клиентите на прво место, без разлика колку невообичаени барања имаат. Со должина од 6.36 метри и меѓуоскино растојание од 4.22 метри, Audi A8 L extended нуди врвен комфор за сите шест патници, колку што има седишта. Концептот од старт привлече многу клиенти, така што Audi веќе ги доби првите нарачки за овој уникатен модел. Стручните лица на Audi поминаа речиси една година во развивање и конструирање на исклучително долгиот седан. Во целиот потфат тимот на Audi особено беше засегнат од предизвикот да направи безбеден и флексибилен автомобил имајќи ја предвид должината. Резултатот е ексклузивен, уникатен примерок кој што ги исполнува највисоките стандарди исто како и сите сериски модели во секој сегмент. Audi A8 L extended ја користи малата тежина на серискиот модел и лесната конструкција на Audi со што речиси целосно лимузината е направена од алуминиум. За уникатната верзија која се прави по нарачка, инженерите на Audi ги продолжија страничните прагови и централниот дел користејќи алуминиумски профили, кои истовремено го насочуваат воздухот внатре во средишниот дел. Двојните прегради го одвојуваат просторот за патници од багажникот, а низ покривот поминуваат дополнителни алуминиумски профили. Сите овие дополнителни мерки овозможуваат флексибилност при вртење речиси исто колку и кај стандардниот А8 седан. Експертите на Audi вградија 2.40 метарско панел стакло на покривот, кој во внатрешноста е обложен во кожата, со цел да го засилат чувството на пространост. Во автомобилот има фабрички вградени ролетни за сонце, по една за секој ред седишта, за да се спречи прегревањето на внатрешноста при повисоки температури. Предните и задните светла имаат вклучени мали странични маркер светилки, како што пропишуваат законските прописи за автомобили со оваа должина. Сите патници на Audi A8 L extended се свртени во насоката на движење, при што шесте пространи седишта се тапацирани со еластична кожа во беж боја. Вториот и третиот ред имаат електронско подесување на секое седиште, а во третиот ред има вградено централна конзола, како и дисплеј кој е дел од забавно-информативниот систем. Уникатната верзија на овој А8 модел ја придвижува 3.0 TFSI бензински мотор кој развива 310 КС, и достигнува 440 Nm вртежен момент. Овие перформанси на прекрасната лимузина и овозможуваат да забрза од 0 до 100 km/h за 7,1 секунди , а максималната брзина е ограничена на 250 km/h. Осумбрзинскиот менувач ја трансферира моќта на моторот во постојаниот Quattro погон на сите тркала. На 19-инчните тркала со 15 краци монтиран e системот за сопирање препознатлив за Audi S8, што овозможува извонредно и ефикасно забавување на шестметарскиот луксузен седан кој тежи 2.418 килограми. /крај/со/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

