Компании
Бесплатни Java и .NET обуки со можност за работа во Seavus
Како дел од Seavus Талент програмата, почнувајќи во март, компанијата Seavus ќе организира две бесплатни обуки за Java и .NET технологии во своите простории. Обуките се наменети за студенти запишани на студии за информатички и компјутерски науки, дипломирани или во последна година на студии.
Времетраењето на двете обуки е 14 работни дена, по 4 часа на ден со интерактивни предавања, вежби и работилници водени од Seavus експерти со години на искуство стекнато на проекти за реномирани ИТ компании. Изборот на учесници е по пат на технички тест (Java,.NET) и тест за познавање на англискиот јазик. Кандидатите кои ќе влезат во првата селекцијата, преку обуката ќе се стекнат со знаење и практично искуство кое ќе овозможи успешно развивање на функционални Java/.NET апликации. На крајот од обуката, најдобрите и најуспешни учесници ќе имаат шанса да се вработат како дел од Seavus тимот.
Java oбуката ќе биде поделена на два дела. Првиот дел се фокусира на детално изучување на Java програмскиот јазик и има за цел да објасни концепти како што се основните елементи на јазикот, работа со објекти, интерфејси, класи и методи, организација на класи и контрола на пристап, исклучоци (exceptions), влезни и излезни текови и конкурентност. Вториот дел се надоврзува на совладаниот материјал од првиот дел и продолжува со теми како што се работа со релациски бази на податоци и SQL, JDBC, и ОРМ (Hibernate), опфаќа концепти на веб-програмирање и завршува со напредна тема за автоматско тестирање на компоненти.
Обуката за .NET ќе ги обработи темите од областа на развој на софтверски процеси, алатки и архитектура; објектно-ориентирано програмирање во C#; развој на база на податоци во MS SQL Server; SPA со ASP.NET MVC; тестирање на компоненти, итн. Учесниците ќе ги истражат основните концепти и постепено ќе напредуваат кон напредни концепти кои ќе им овозможат да развијат еднострана апликација (Single-page application). Со учество во .NET обуката се стекнува пошироко познавање на .NET Framework и алатките за развој и тимска соработка и учесниците ќе можат да развијат апликации користејќи C#, MS SQL Server и JavaScript.
Двете обуки ќе започнат во месец Март, во просториите на Seavus во Скопје, а сите заинтересирани студенти може да се пријават на http://jobs.seavus.com/hot-positions.aspx, за “Java/.NET Trainee”, најдоцна до 4 Февруари, 2015./крај/мф/бк
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

