Компании
BP забележа најголема загуба во две децении, најави отпуштања
Британската нафтена компанија British Petroleum (BP) извести во вторникот за најголемата годишна загуба во последните најмалку 20 години и најави укинувања илјадници работни места поради падот на цената на нафтата.
Компанијата во 2015 година забележала загуба од 6,5 милијарди долари, што е дури полошо и од резултатите од 2010 година кога British Petroleum (BP) имаше големи трошоци поради излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив.
Чистата добивка на BP во четвртиот квартал од минатата година изнесувала 196 милиони долари додека една година претходно компанијата забележала добивка од 2,2 милијарди долари. Меѓутоа, по отписот на имот, BP е во последното ланско тримесечје забележал загуба од 2,2 милијарди долари, додека во истиот период во 2014 година загубата изнесувала 970 милиони долари.
Покрај тоа, во изминатиот квартал BP во резерва ставиле уште 440 милиони долари поради надоместување на штетите во врска со излевањето на нафта во Мексиканскиот залив, со што вкупниот трошок на компанијата поради оваа катастрофа достигна 55 милијарди долари.
За да ги намали трошоците на работењето, BP најави дека до крајот на 2017 година ќе укине на 3.000 работни места во секторот на преработка, покрај 4.000-те работни места коишто веќе ги најави во производството на нафта и гас, во рамките на програмата за реструктуирања во вредност од 2,5 милијарди долари.
„Продолжуваме со брзото прилагодување и со рабалансирањето на British Petroleum за променетото опкружување“, изјави извршниот директор Боб Дадли во соопштение.
Резултатите на British Petroleum се последните во низата слаби квартални резултати во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на нафтата во последните 18 месеци од повеќе од 100 на околу 30 долари за барел. Така, американски „Chevron“ минатата седмица извести за првата квартална загуба во повеќе од 13 години, додека „Royal Dutch Shell“, според процената на аналитичарите, би можел да забележи двојно помала добивка отколку една година претходно.
Иако British Petroleum порача дека е ја задржи досегашната дивиденда, цените на акцијата на оваа британска компанија падна во вторникот на Лондонската берза за повеќе од 7 отсто./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

