Компании
Британска „Ендава“ вработи над 100 професионалци од ИТ секторот
„Ендава“, една од компаниите за ИТ-услуги со најбрз раст во регионот, одбележа значајно достигнување – над 100 професионалци со полно работно време сега се дел од нејзиниот тим во Скопје.
Пуштени во употреба во 2014, просториите во Македонија го доживеаја своето прво проширување во ноември истата година, кога беа отворени канцелариите од 3.000 квадратни метри. Оттогаш тимот се зголеми од 30 до повеќе од 100 професионалци, а компанијата планира бројот на луѓе да се зголеми до 400 во следните три до четири години.„Ендава“ е активен работодавец на македонскиот пазар и еден од водечките на овој план во сите свои локации во централна и источна Европа. Компанијата, истовремено, го употребува талентот на искусните ИТ-професионалци, како и на тие што почнуваат во оваа индустрија. „Ендава“ нуди широка палета на можности за учење, од практикантство преку додипломски програми и технолошки средби до интерни настани чија цел е градење на култура на споделување на знаењето меѓу сите вработени.„Возбудени сме што сме дел од културата на успехот на „Ендава“, преку испораката на иновација во особено компетитивниот ИТ-пазар. Тоа го правиме за врвни имиња во широк распон на индустрии и притоа сме сигурни дека нашите луѓе се движечката сила зад развојот на нивните лични кариери. Исто така, ги менуваме традиционалните пристапи со новите технологии“, вели Ендру Браун, менаџер на единицата за испорака во Скопје.Скопје станува значаен центар за „Ендава“ преку вклученост во значајни проекти за германски телеком-компании, осигурителни клиенти во Обединетото Кралство, компании за наплата во Велика Британија, како и образовни институции во истата земја, но и тела за спорт во Швајцарија. На тој начин „Ендава“ го надполнува своето портфолио на испорака на вредности за глобални бизниси од секторите банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникации, медиуми и издаваштво.Дополнително од своите тимови за апликациски развој во Скопје, за само една година, „Ендава“ ги консолидира капацитетите и за апликациски менаџмент, што е релативно нова понуда на локалниот пазар и за која е формирано силно јадро од специјалисти. Центарот во Скопје, исто така, за клиентите на „Ендава“ испорачува и независни услуги за тестирање со што преку најдобрите практики го поттикнува подобрувањето на квалитетот.Благодарение на напорите од владата во изминативе години, Македонија има стабилно бизнис-опкружување и поради блиските врски меѓу универзитетите и ИТ-заедницата, во оваа област има повеќе од 8.000 професионалци, број што рапидно се зголемува.„Ендава“ е извонредна Британска компанија која што навистина добро работи во Македонија. Горд сум што тука ја имаме оваа растечка британска инвестиција. Бројот од 100 вработени е достигнување што заслужува вистиско одбележување. Се надевам дека „Ендава“ ќе продолжи да придонесува во развојот на ИТ-секторот во Македонија, како и на пошироката македонска економија“, изјави Чарлс Гарет, Британски амбасадор во Македонија кој присуствуваше на настанот во канцелариите на „Ендава“.Компанијата продолжува да биде темелно вклучена и да дава придонеси во локалната ИТ-заедница во Македонија преку спонзорства на конференции, како и со присуство, учество и организација на локални технолошки настани, но и со обезбедување можности на „ендаванците“ во земјата да бидат дел од меѓународни конференции и да комуницираат во колегите од другите локации. Во исто време, „Ендава“ е посветена и на обезбедувањето можности за студентите да почнат и да развијат успешна ИТ-кариера преку своите програми за практикантство и за додипломци, сесии за споделување знаење и соработка со локалните универзитети. Општествената одговорност зазема голема улога во културата на „Ендава“ и придонесот ги надминува границите на ИТ-секторот преку значајни донациски иницијативи. Поттикнати од желбата на „ендаванците“ да возвратат на заедницата, во текот на прославата по повод повеќето од 100 вработени во Скопје, компанијата ќе донира 100 „кутии со радост“ за штитениците на домот „11 Октомври“. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

