Компании
Челникот на Twitter поднесе оставка
Извршниот директор на компанијата којашто ја поседува социјалната мрежа за микроблогирање Twitter, Дик Костоло, ненадејно во четвртокот поднесе оставка поради забавениот раст на бројот на корисниците и приходите од огласување во однос на конкуренцијата, а привремено на оваа позиција ќе го замени соосновачот на мрежата Џек Дорси.
Дик Костоло на прес-конференцијата изјави дека самиот одлучил да поднесе оставка, и дека за местото извршен директор ќе се разгледуваат кандидати од самата компанија, но и однадвор. Последните години Костоло беше под притисок на вложувачите поради забавениот раст на оваа социјална мрежа во однос на конкурентските, како според бројот на корисниците, така и по приходите остварени од огласувањата.
Според процените на аналитичката компанија eMarketer, бројот на корисниците на Twitter во 2015 година би можел да порасне за 14 отсто, додека до пред неколку години растеше за 30 отсто на годишно ниво. Бројот на корисниците на Twitter во светот на крајот од првиот квартал годинава изнесуваше 302 милиони, додека, на пример, Facebook ги имаше околу 1,44 милијарди.
Уделот на Twitter на американскиот пазар на дигитално огласување вреден 50,7 милијарди долари во минатата 2014 година изнесувал само 1,6 отсто, додека неговиот најголем конкурент Facebook го зголемил својот удел од 7,6 на 10,4 отсто. Поради тоа, и деловните резултати на Twitter се слаби. Во првиот квартал од годинава, оваа социјална мрежа работела со загуба од 162 милиони долари, 30 милиони поголема од истиот период минатата година. Поради тоа и заминувањето на Костоло од челната позиција не е неочекувано.
„Оваа вест не е неочекувана. Фактот е дека Twitter во моментот не им служи добро ниту за корисниците, ниту на огласувачите“, вели Нејт Елиот, консултант во компанијата „Forrester Research“.
Twitter, кој на корисниците им овозможува испраќање пораки од 140 знаци, а го користат политичарите, многу познати филмски и музички ѕвезди, активисти и новинари, е основан во 2006 година. По почетниот подем, компанијата не успеа да ја достигне динамиката на раст на Facebook, па промените во нејзиниот врв се чести.
Двајцата соосновачи на социјалната мрежа Џек Дорси и Иван Вилијамс веќе беа извршни директори, а Дорси сега порачува дека на оваа позиција ќе биде само привремено. Додаде дека и барањето нови извршен директор уште не почнало, но дека компанијата за тоа место ќе бара личност којашто секојдневно го користи Twitter и го сака овој производ./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

