Компании
Цементарница УЈСЕ и годинава дел од акцијата „Час на планетата Земја“
Цементарница УЈСЕ годинава, по осми пат, се приклучува кон глобалната акција „Час на планетата Земја“ што ќе се одржи во сабота, 19-ти март 2016, во периодот од 20:30 до 21:30 часот.
Акцијата која годинавата e под мотото „Заблескај светлина на климатски промени“ има за цел преку симболично исклучување на oсветлувањето во период од еден час да се сврти вниманието на светската јавност врз негативното влијание на климатските промени за идината на планетата. Цементарница УСЈЕ ќе го даде својот придонес во оваа глобална акција со тоа што во времетраење од еден час ќе ги исклучи мелниците за цемент, како и на електричното напојување на сите невитални објекти во кругот на фабриката. На овој начин, за еден час ќе се овозможи заштеда од над 10 MWh електрична енергија, што е доволно за вкупната едночасовна потрошувачка на приближно 20.000 домаќинства. Со остварената заштеда на електрична енергија Цементраница УСЈЕ придонесува во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.Истовремено, и оваа година компанијата упати апел до сите свои вработени да се приклучат кон акцијата, со што ќе дадат дополнителен придонес кон ширењето на глобалната порака за потребата од ефикасно користење на енергијата како еден од начините за заштита на животната средина во светски рамки.„Горди сме што и оваа година сме дел од глобалната акција „Часот на планетата земја“, која има големо значење за насочување на вниманието на светската јавност кон прашањата поврзани со обезбедувањето одржлив развој и зачувување на глобалниот еко-систем. Препознавајќи го значењето на ваквите акции, ние како компанија одиме чекор понатаму, реализирајќи бројни конкретни активности и вложувања во областа на заштитата на животната средина кои се дел нашето тековно работење и стратегија за развој во иднина“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.Од декември 2008, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Во 2014-та година Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со А – Еколошката дозвола, а дополнително продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина. Токму за вложувањата во реализација на еден ваков проект со кој се обезбеди трајно намалување на емисиите на азотни оксиди (NOx) во воздухот, под законски утврдените граници, УСЈЕ минатата година ја доби и наградата за општествено одговорно делување во категоријата „Заштита на животната средина”.Почетоците на акцијата „Час на планетата Земја“ датираат уште од 70-те години од минатиот век, по инцијатива на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон САД. Оттогаш, во оваа акција секоја година се вклучуваат сѐ повеќе приврзаници, по што таа прерасна во најголем настан за заштита на животната средина. Годинава се очекува во неа да се вклучат преку 7000 градови од над 170 земји ширум светот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

