Компании
Цементарница УСЈЕ донираше велосипеди за учесници во дефилето на светскиот ден без автомобили
Цементарница УСЈЕ активно се вклучи во активностите за одбележување на „Европската недела на мобилност“, при што донираше и пет велосипеди за најсреќните учесници на дефилето чии имиња беа извлечени на завршната приредба во Градскиот парк.
Исто така, денеска сите вработени на Цементарница УСЈЕ пристигнаа на своите работни места користејќи го јавниот превоз, пеш или со велосипеди, со што всушност ја продолжија сопствената акција која се спроведува секоја среда кога вработените доаѓаат на работа без автомобил и на таков начин, преку личен пример, ја потврдат својата заложба за заштита на животната средина и промоција на здравиот начин на живот.„Како компанија, но и како луѓе се трудиме во континуитет да промовираме и спроведуваме активности кои ја јакнат свеста и повикуваат на конкретна акција за поголема заштита на животната средина и здравјето на луѓето. За да ја оствариме оваа цел свесни сме дека треба да придонесеме сите како поединци, компании и како заедница. Затоа нашата компанија, покрај континуираните активности во овој сегмент, со задоволство е дел од сите заеднички акции, како што е „Европската недела на мобилност“, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ. Активностите за годинешното одбележување на Европската недела на мобилност се одвиваа под мотото „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“, во организација на Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европската унија во земјава и УНДП. Целта на сите активности со кои се промовира одржливата мобилост е да се испрати пораката дека користењето на алтернативните видови транспорт придонесува за унапредување на животната средина и здравјето на луѓето и затоа тие треба да бидат првиот избор, пред автомобилите. Традиционално, Цементарница УСЈЕ се вклучува во голем број глобални и национални активности за заштита и унапредување на животната средина. Целите на ваквите активности се составен дел од деловната култура на Цементарница УСЈЕ, која од декември 2008-ма е потписник и локален член на Глобал Компакт договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

