Компании
Цементарница УСЈЕ ѝ донираше апарат за спирометрија на болницата за белодробни заболувања во Козле
Цементарница УСЈЕ ѝ донираше апарат за спирометрија на болницата за лекување на белодробните заболувања кај децата во Козле. Половина од потребните средства за набавка на апаратот ги обезбедија вработените на УСЈЕ во рамки на акцијата „На работа без автомобил“.
Сакајќи да дадат личен придонес кон промоција на здравиот начин на живот и заштитата на животната средина, вработените и менаџментот на УСЈЕ, почнувајќи од март минатата година, секоја среда, наместо со автомобил, на работа пристигнуваат пеш, со велосипед или со јавен превоз. Во склоп на акцијата се собираа средства од вработените кои беа удвоени од страна на компанијата, со што се постигна потребната сума од 4.500 евра за набавка на спирометарот, којшто, од страна одговорните во детската болница „Козле“, е посочен како приоритетен за ефикасноста на одделот за рана дијагностика на респираторните заболувања кај децата. „Овој апарат е од исклучително значење за оваа специјализирана здравствена установа. Тој ќе им помогне на нашите специјалисти при побрзо откривање и прецизна дијагностика на болестите на дишните органи кај децата, што е еден од важните предуслови за успешно лекување. Во името на нашите пациенти, но и персоналот на болницата, сакам да упатам благодарност кон вработените и менаџментот на УСЈЕ за нивната донација, која доаѓа во вистинско време и се вклопува во новиот современ лик на болницата“, изјави д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле.Од Цементарница УСЈЕ потврдуваат дека акцијата преку која се собрани дел од средствата за набавка на новиот апарат ќе продолжи и во наредниот период со што ќе се овозможи реализација на други вакви донации. „Посебно сум горда што идејата за оваа донација произлезе од вработените на УСЈЕ кои уште еднаш покажаа дека хуманизмот, волонтерство и работата во интерес на заедницата се длабоко вградени во деловната културата и традиција на нашата компанија. Со набавката на овој апарат на најдобар начин заокружуваме една етапа од проектот „На работа без автомобил“. Даваме личен пример за тоа како треба да се однесуваме кон здравјето и животната средина, а дополнително покажуваме и грижа за здравјето на нашите поколенија“, истакна Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ.Цементарница УСЈЕ и во оваа прилика ги повика останатите компании, институции и здруженија да се приклучат кон овој вид активизам и со свој ангажман да придонесат кон омасовување на акциите со кои ќе се промовираат здравите животни навики и ќе се обезбедат дополнителни придобивки за заедницата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

