Компании
Цементарница УСЈЕ организираше конференција за дијалог со заедницата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје го објави најновиот, петти по ред извештај за корпоративна општествена одговорност и одржлив развој за 2014-та година.
Извештајот е прв ваков документ кој добива меѓународна верификација за напредно ниво од страна на ревизорската куќа DNV GL, специјализирана за проверка на извештаи за одржливост, управување со животна средина и општествено одговорно делување.
Документот ги содржи сите активности на Цементарница УСЈЕ спроведени според десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) во областите на работничките и човековите права, унапредувањето на животната средина, антикорупциското делување и корпоративното управување и лидерство.
Истовремено со презентирањето на извештајот, компанијата продолжи со комуникација и вклучување на сите засегнати страни за да обезбеди повратни информации и насоки за планирање на идните активности во областа на општествената одговорност.
„И во годината кога нашата компанија прославува 60 години од своето постоење и развој, сите наши напори и планови остануваат насочени кон исполнување на нашата трајна заложба – задржување и унапредување на лидерската позицијата на пазарот на градежни материјали во земјата. Притоа нашето лидерство не се ограничува само на бизнисот, туку и на делувањето во областите кои носат јасни и трајни придобивки за сите наши партнери и за заедницата“, вели главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕБорис Хрисафов,кој истовремено управува и со одборот за корпоративна општествена одговорност на компанијата.
Во извештајот меѓу другото е наведено дека Цементарница УСЈЕ ја заврши годината без несреќи во работниот процес, што е резултат на вложувањата во заштита и континуираните обуки за вработените кои во 2014-та година се зголемија на 6.500 часа, од кои 30% се во областа на безбедноста и здравјето при работа.
Во текот на минатата година, компанијата обезбеди приближно 22.000 дрвца, садници и цвеќиња што ги засади на различни локации, вклучувајќи и училишни дворови, во рамки на проектот „Партнерство со училиштата“, а ревитализираше и повеќе од 20.000 квадратни метри од своите активни копови. За спроведените активности за намалување на влијанието на бучавата во околината на фабриката, УСЈЕ го доби националното признание за општествена одговорност во 2014-та година.
Дополнително, компанијата продолжи со програмите за развој на заедницата и во обезбедувањето поддршка на особено ранливи категории граѓани, а спроведе и партнерски проекти, како што се оние за обука и развој на вештини за полесно вработување на учениците од средните технички училишта во Скопје и обезбедување стипендии за постдипломски студии за исклучително талентирани студенти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

