Компании
Coca-Cola и PepsiCo ветија намалување на уделот на калориите за 20 отсто 2025-та
Најголемите американски производители на безалкохолни пијалаци, меѓу кои се Coca-Cola и PepsiCo, ветија дека ќе го намалат уделот на калориите во засладените напивки за 20 отсто во следните десет години низ едукативни програми, маркетингот и амбалажата.
Американското здружение на производителите на безалкохолни пијалаци и Здружението за поздрави генерации го објавија овие планови на годишниот состанок на Клинтоновата глобална иницијатива во Њујорк.Производителите на безалкохолните пијалаци планираат да ја остварат зацртаната цел до 2025 година преку програмите за едукација на граѓаните за да го намалат внесувањето на калоријата пи консумирањето напивки, како и преку зголемената понуда на пијалаци кои се без или со многу малку калории, вклучително и водата за пиење во шишиња. Американското здружение на оваа индустрија ќе избере независен проценител кој ќе го следи напредокот, но не е јасно колку конкретно калории подразбира тоа 20-процентно намалување. Се претпоставува дека оваа мерка се заснова на обемот на продажба, на калориите по пијалак и американските статистички податоци, вели Сузан К, Нили, претседателка и извршна директорка на Американското здружение на индустријата за безалкохолни пијалаци. „Без преземањето на таквите обврски, тешко би бил зaдржан напредокот кој досега е постигнат“, изјави Нили.Иницијативите за намалување на калориите не се особена новост во САД, Американското здружение на производители на пијалаци и Здружението за поздрави генерации со заеднички напори се трудат да ги намалат калориите во пијалаците во американските училишта. Шеснаесетте најголеми американски производители на храна и пијалаци, меѓу кои Coca-Colu и PepsiCo, во 2010 година се обврзаа до 2012-тада отстранат 1.000 милијарди калории од американскиот пазар, а до 2015 година 1.600 милијарди калории. Овие компании се дел од фондацијата за здрава телесна тежина којашто ја предводат извршните директори, а којашто во 2009 година беше основана за да се намали појавата на зголемена тежина меѓу американските ученици и воопшто во општеството. Во јануари годинава компаниите од фондацијата објавија дека во 2012 година заедно во САД продале 6.400 милијарди помалку калории во споредба со 2007 година. Меѓутоа, анализата на научниците од Универзитетот Северна Каролина, објавена во списанието Американски магазин за превентивна медицина, покажа дека вкупниот број калории во пакуваната храна кои овие компании им ги продале на домаќинствата со деца не се променил во периодот меѓу 2011 и 2012 година.Според податоците на американската влада за периодот од 2007 до 2008 година, третина од возрасните лица во САД имаа прекумерна телесна тежина. /крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

