Контакт

Компании

Д-р Ненад Филиповиќ: ИЕДЦ натпреварите се одлична можност за тимовите од секоја компанија да се соочат со сериозни предизвици

Објавено пред

Минатата недела во Скопје се одржа дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2016 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.

dobivaj vesti na viber

Овој натпревар се организира четврта година по ред, а овогодишни учесници беа шестчлени тимови кои ги претставува компаниите НЛБ Тутунска банка, Бритиш Американ Тобако, Бионика Фармацеутикалс, ИТ ГМА, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Победнички тим беше оној на Бритиш Американ Тобако, а наградата е учество на еден од изборните МБА курсеви на ИЕДЦ Бледката школа за менаџмент во вредност од 9.000 евра.Ментор на целата оваа активност е реномираниот професор по менаџмент и бизнис етика, како и проектен и академски директор на МБА студиите во рамките на ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент, Д-р Ненад Филиповиќ.Агенцијата Макфакс направи интервју со Д-р Ненад Филиповиќ.Макфакс: Што значи учеството на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2016 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџментот за компаниите и учесниците?Професор Филиповиќ: ИЕДЦ натпреварите се одлична можност за тимовите од секоја компанија да се соочат со сериозни предизвици и да видат како во такви услови функционираат како поединци, но и како тим во целина. Ова е важно за сите бидејќи ќе се преиспитаме колку сме добри во структурирањето и анализата на проблемите, но и како ги прифаќаме предизвиците за нивно решавање. Дали и колку знаеме јасно и убедливо да говориме и комуницираме.Овие натпревари, исто така, се идеална прилика да научиме повеќе едни од други. Многу важно е и тоа што победничкиот тим на натпреварот добива атрактивна награда во висина од 9.000 Евра во МБА курс на ИЕДЦ Бледска школа за менаџмент. Оваа награда е престижна како за тимот, така и за компанијата која е претставувана од тој тим.Макфакс: Кои се главните совети кои им ги упативте на учесниците на натпреварот за бизнис студија на случај?Професор Филиповиќ: Мојот прв совет е: секогаш најпрво помислете на најважните прашања кои ги согледувате во дадената ситуација или проблем. Како што вели Петер Друкер „Најголемиот број на грешки направени во процесот на манаџирање не потекнуваат од лошите одговори, туку настануваат поради лошите прашања“.Ако се задоволни од квалитетот на поставените прашање, понатаму треба да се фокусираат на создавањето на добра структура и основа за размислување која ќе води кон добри одговори.Последно, но не најмалку важно, откако ќе бидат задоволни од квалитетот на нивните одговори, учесниците треба да се посветат на нивната комуникација со публиката на јасен и убедлив начин.Овие совети всушност се поклопуваат со некои од најважните вештини и знаења во бизнис лидерството, што го прави ваквиот пристап толку неопходен во бизнис образованието.Макфакс: Кои беа вашите очекувања од овој натпревар и дали се исполнија?Професор Филиповиќ: Очекувањата од ИЕДЦ натпреварот во бизнис студија на случај кој се одржа мината недела во Скопје беа да поминеме интересно исполнето време, кое во исто време ќе ги стимулира учесниците многу да научат и стекнат нови и креативни вештини и знаења.Секако, секогаш ми е посебно драго кога ги гледам тимовите како презентираат одлични „решенија“ на зададените случаи. Би сакал да напоменам дека зададените бизнис студии на случај ретко имаат само едно најдобро решение, па секогаш преостанува голем простор за креативност и иновативност.Со сета почит кон другите вакви ИЕДЦ натпревари во регионот, слободно можам да кажам дека овогодинешниот ИЕДЦ натпревар во Скопје беше високо успешен.Макфакс:Како ги мотивирате младите учесници во овој натпревар повеќе да изнаоѓаат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици?Професор Филиповиќ: Создаваме средина во која јасно комуницираме за претстојните очекувања од ИЕДЦ натпреварот и постојано им даваме фидбек односно тука сме за нив во текот на двата дена додека сите тимови ја обавуваат својата студија на случај.Останатото е сопствена мотивација на секој од учесниците и тимовите, која досега никогаш не недостасувала. Без ваквата мотивација, учесниците на овој бизнис натпревар сигурно воопшто не би се пријавиле за учество. /крај/ст

Економија

Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор

Објавено пред

Резолуција што носи сигурност

dobivaj vesti na viber

Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.

Јасна рамка за стабилен почеток

Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.

Фиксна камата и јасен принос

Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.

Мал чекор денес, стабилност утре

Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.

Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село

Објавено пред

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

dobivaj vesti na viber

СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.

Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.

„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.

Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.

Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари

Објавено пред

Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.

dobivaj vesti na viber

Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.

Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.

Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.

Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ3 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија5 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија5 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија5 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија5 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија7 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија7 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет8 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет9 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет9 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа9 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа9 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија10 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија10 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија21 час

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....

Македонија22 часа

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог

Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за...

Македонија1 ден

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...