Компании
Дивидендите лани достигнале рекордни 1.167 милијарди долари
Вкупниот износ на исплатени дивиденди на акционерите ширум светот лани достигна 1.167 милијарди долари, што е за 11 отсто повеќе во однос на претходната година, додека во оваа година се очекува раст од само 1 отсто, покажува извештајот на британската инвестициска компанија Global Investment.
Вкупниот износ на исплатени дивиденди на акционерите ширум светот лани достигна 1.167 милијарди долари, што е за 11 отсто повеќе во однос на претходната година, додека во оваа година се очекува раст од само 1 отсто, покажува извештајот на британската инвестициска компанија Global Investment.
Најмногу лани проаснале дивидендите на компаниите од Северна Америка, за 15 отсто, на 392 милијарди долари. Произлегува дека околу една третина од вкупните дивиденди во светот ги исплатиле компаниите сврстени на американскиот пазар на капитал.
Со 229 долари исплатени дивиденди следат европските компании, што е за 12 отсто повеќе во донос на рпетходната година, додека најголем раст на дивидендите, за 31 отсто, забележан е во Велика Британија. Тамошните компании исплатиле вкупно 135 милијарди долари дивиденди.
Компаниите од азиско-пацифичкиот регион исплатиле дивиденди во износ од 116 милијарди долари, што е раст од 3 отсто, додека во Јапонија дивидендите пораснале за 6 отсто, на 49 милијарди долари.
Единствено на пазарите во развој лани беше забележан пад на дивидендите, за 12 отсто, на 114 милијарди долари.
Првите 10 компании според најголемата висина на исплатени дивиденди лани исплатиле 11 отсто од вкупната сума на дивиденди во светот, додека првите 20 компании исплатиле 18 отсто во сите дивиденди.
Прв на лситата е британски Vodafone, која лани, покрај редовната, исплатил и богата посебна дивиденда, со што телекомуникацискиот гигант е заслужен за 20 отсто од вкупно иплатените дивиденди во Британија.
Меѓу компаниите кои лани богато ги наградија своите акционери се наоѓаат и нафтениот гигант Shell, кинеска Construction Bank, како и британската банка HSBC и технолошките лидери Apple и Microsoft.
Покрај технолошкиот сектор, двоцифрена стапка на раст на дивидендите забележана е во секторот на производители на стоки за широка потрошувачка. И финансискиот сектор повторно исплатува големи дивиденди, откако во претходните години поради закрепнување од финансиската криза беше воздржан во наградувањето на акционерите.
Од друга страна рударските компании веќе трета година по ред ги намалуваат дивидендите бидејќи поради слабостите во глобалната побарувачка паѓаат цените на сировините, тоа им ги намалува приходите и добивката. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

