Компании
Доделена наградата „Браво сине!“ во вредност од 200.000 денари за најдобар дизајн
Големото „Браво сине!“ и наградата од 200.000 денари за најдобро креативно решение и дизајн на амбалажата на Слатко со идентитет ја доби Далибор Смилевски (21) од Кичево, кој на идејното решение работеше заедно со Мартин Стојмировски (22) од Кочани.
На своето победничкото решение Смилевски и Стојмировски работеле повеќе од еден месец, анализирајќи ги и актуелните состојби на пазарот.
Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставниците на Skopje Design Week (SDW) и претставникот на компанијата „Јоми фуд“ ги разгледаа и оценија сите пристигнати решенија, по што беше избрано
победничкото.
На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажа на Слатко со идентитет, во потесна конкуренција влегоа 26 креативни решенија.
Согласно критериумите на јавниот повик се бараше изработка на предлог дизајн на амбалажа за слатко од седум видови овошје од асортиманот на „Јоми фуд“, ексклузивно пакување и промотивен постер. Наградениот дизајн компанијата „Јоми фуд“ ќе го аплицира на своите производи во следниот период, по што слатката од седум видови овошје со нов изглед ќе се најдат во продажба.
Наградата од 200.000 денари за првонаграденото решение ја доделува Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.
„Навистина сме многу задоволни, бидејќи нашата највисока цел, да дадеме поддршка на младите креативци и да го поттикнеме нивниот ентузијазам, е постигната, а со тоа и мисијата на Иво Лауренчиќ продолжена понатаму. Покрај овие две цели, оваа платформа придонесе за зајакнување на свесноста кај домашните компании да креираат производи со идентитет, се гради мостот за поврзување на креативноста и бизнисот во функција на взаемниот и јавниот интерес, но и повторно се потсетуваме на нашите автентични домашни производи, во случајов нашето традиционално слатко. Поставивме пет високи цели, секоја подеднакво важна, заедно со сите партнери и поддржувачи на идејата, продолжуваме и следната година“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

