Компании
Дојче Телеком организира натпревар на идеи за смарт мода
Дојче Телеком организира меѓународен натпревар за идеи за смарт мода „Fashion Fusion“, на кој се бара визионерски концепти кои ја комбинираат модата и високата технологија.
Студенти, млади професионалци и стартап компании од секторите на модата, дизајнот и технологијата, вклучително и од Македонија, можат да ги достават своите концепти до 1 август 2016 година.Областите на висока технологија и мода се спојуваат за да создадат смарт конфекција. Дојче Телеком здружен со угледни партнери го започнува предизвикот „Fashion Fusion“. Станува збор за меѓународен натпревар преку кој млади таленти од цела Европа ќе имаат ексклузивна и единствена можност да ја искористат помошта на експерти од индустријата, секторот на мода и сцената на стартап компании, за да ги реализираат своите визионерски концепти за конфекција со висока технологија, облека и предмети што се носат и производи за дигитален животен стил и истите да ги пласираат на пазарот.Глобалната технолошка компанија Интел и иновативното списание WIRED од Германија ќе го поддржат „Fashion Fusion“ со своја експертиза, материјали и енергични заложби. Спортскиот бренд Адидас ќе придонесе за пренесување на знаење и искуство од модата со учеството на Дирк Шонбергер, како член на „Fashion Fusion“ жирито. Како меѓународен експерт и двигател на иновации во модната индустрија, партнерот ПРЕМИУМ со #FASHIONTECH го обезбедува професионалниот аспект за презентирање на „Fashion Fusion“. Фазата на пријавување за натпреварот е отворена. Студенти, млади професионалци и стартап компании од секторите на модата, дизајнот и технологијата, вклучително и од Македонија, можат да ги достават своите концепти до 1 август 2016 година. Апликациите можат да се регистрираат во една од трите категории: Поврзани уреди и дополнителна опрема, Дигитално усовршена мода и Смарт услуги.„Следната голема работа во модата ќе биде смарт и поврзана конфекција и дополнителна опрема. Денешните визионерски концепти можеби веќе од утре ќе се најдат во вашиот плакар. Затоа е многу важно за нас да бидеме партнер за иновативни, поврзани производи и услуги. Со Fashion Fusion, ние ги поврзуваме важните играчи и надежни таленти од цела Европа и им ја даваме можноста да ги претворат своите визии во реалност“, изјави Клаудија Немат, член на Одборот на директори на Дојче Телеком и одговорна за Европа и Технологија, којашто е покровител на „Fashion Fusion“ натпреварот.Жири составено од престижни претставници од индустријата ќе ги избере најдобрите идеи. „Тоа би можело да биде смарт часовник или рачна торба со полнач на соларно напојување. Спортска конфекција која е смарт и одржлива преку материјали или рециклирање на производи, или пак палта кои се префрлуваат на режим на подобра изолација во зима. Fashion Fusion поддржува визионерски идеи и концепти кои имаат долгорочен потенцијал да се етаблираат на пазарот,“ објаснува основоположникот на Smart Fashion, Лиса Ленг, куратор на концептот на натпреварот, која имаше клучна улога во започнувањето на овој предизвик.Во центарот на натпреварот е Лабораторијата „Fashion Fusion“: тримесечна работилница во која максимум десет избрани тимови ќе работат на прилагодување на своите модни концепти. Заедно со експерти од индустријата и специјалисти во областите на иновативна мода и технологија, тимовите ќе произведуваат високо квалитетни прототипи на нивните концепти. Учесниците ќе можат да ја искористат значителната експертиза на Лабораторијата и ќе добијат сместување и сите неопходни материјали потребни за нивните идеи да заживеат. Лабораторијата е отворена платформа за иновации поддржана од hub:raum, инкубаторот на Дојче Телеком.Првиот Fashion Fusion натпревар ќе кулминира со презентацијата на прототипите на #FASHIONTECH за време на Модната недела во Берлин во јануари 2017 година.
Најдобриот тим ќе добие парична награда од 20.000 евра и можност да ја пласира својата креација на пазарот, заедно со Дојче Телеком и неговите партнери.Лабораторијата Fashion Fusion е долгорочен проект и секоја година може да отвори простор за заедничка работа и простории за работилници во различни европски метрополи. Повеќе информации за натпреварот за идеи „Fashion Fusion“ може да се најдат на сајтот: fashionfusion.telekom.com./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

