Компании
ЕБОР стана акционер во проектот за рудникот за бакар и злато Иловица
Euromax Resources склучи договор за продажба на акции во проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Преку непосредна приватна продажба на акции ЕБОР ќе поседува околу 20% од акциите минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото.
Согласно договорот, ЕБОР ќе купи обични акции од компанијата по цена од 0,25 канадски долари за обична акција, при што бруто приливот е еднаков на 5 милиони американски долари. Истовремено ЕБОР ќе добие едноквартална хартија од вредност со овластување по обична акција при цена по видување од 0,40 канадски долари со рок на доспевање од пет години.
Како резултат на приватната продажба, ЕБОР се обврза да не постапува со хартиите од вредност со овластување, доколку таквата активност би резултирала со тоа банката да поседува повеќе од 20% минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото. ЕБОР стекнува хартии од вредност со приватна продажба поради инвестициски цели. Во зависност од условите на пазарот и други фактори, ЕБОР може од време на време да купи уште или да се ослободи од хартиите од вредност на компанијата или да ја задржи сегашната позиција.
Коментирајќи во врска со оваа објава, Steve Sharpe, претседател и главен извршен директор на Euromax Resources, рече:
„Одушевени сме што ЕБОР станува дел од нашите акционери. ЕБОР има значително присуство во Македонија и во поширокиот регион и учеството на банката по обемната длабинска анализа на техничките, еколошките и социјалните аспекти, претставува понатамошна поддршка на проектот Иловица. Се обидуваме да воспоставиме прилично уникатен начин на финансирањето на развојот на Иловица, соочени со пазари на капитал исполнети со бројни предизвици за фирмите-пионери во секторот за ресурси. Фактот што успеавме да ги привлечеме Royal Gold и ЕБОР не само што додава значителен кредибилитет во нашите планови, туку претставува и значителен фактор за намалување на ризикот во развојот на Иловица“.
Средствата од приватната продажба задоволуваат еден од клучните предуслови за прием на почетната транша од 175 милиони американски долари според Договорот за откуп со Royal Gold, Inc (“Royal Gold”), објавен од страна на Друштвото на 21. октомври 2014 година, а ќе се користат за финансирање на дел од пред-развојната програма за работа која вклучува подготовка на Дефинитивна физибилити студија („DFS“) и за детално проектирање („FEED“) за проектот за бакар и злато Иловица на компанијата во Република Македонија („Проектот“). Пакетот DFS и FEED е клучен дел од идниот развој на рудникот Иловица. Како што напредува пакетот, компанијата ќе продолжи да комуницира со ЕБОР во врска со елементите од развојот, вклучувајќи ги клучните еколошки и социјални прашања.
Исто така, компанијата има намера да изврши дополнителна приватна продажба од максимум 2,5 милиони канадски долари на други инвеститори при истите економски услови.
За Euromax Resources Ltd.
Euromax Resources е сопственик на проектот за развој на рудник за бакар и злато во Иловица во Македонија и на компанија за услуги за истражување во Бугарија. Компанијата е фокусирана на изградба и работа со проектот за бакар и злато Иловица во Македонија, како и профитабилна употреба на богатото искуство во истражувањето во рамки на нашата подружница за услуги за истражување во Бугарија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

