Компании
ЕБОР стекна удело во компанијата која раководи со проeктот Иловица
Непосредната приватна продажба на акции на Euromax Resources на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е целосно завршена, со што ЕБОР стекна удел во компанијата која работи на реализација на проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица.
Како резултат на приватната продажба, ЕБОР има 19,99% од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Euromax resources. ЕБОР се обврза да не постапува со хартиите од вредност со повластување доколку таквата активност би резултирала со тоа банката да поседува повеќе од 20% минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото.
Согласно непосредната приватна продажба на акции објавена претходно на 9-ти декември, 2014 година, на ЕБОР ѝ беа издадени вкупно 23.368.547 обични акции од Euromax resources по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна цена од 5.842.000 канадски долари. Дополнително, ЕБОР се стекна со 5.915.000 хартии од вредност со повластување по единечна цена по видување од 0,40 канадски долари со рок на доспевање од пет години.
Euromax resources дополнително им издаде вкупно 8.126.850 обични акции по цена од 0,25 канадски долари по акција за вкупна цена од 2,032 милиони канадски долари на други инвеститори. Инвеститорите, кои сите се постојни акционери на Euromax resources, исто така добија вкупно 2.031.713 хартии од вредност со повластување по единечна цена по видување од 0,40 канадски долари по акција со рок на доспевање од пет години.
ЕБОР стекнува хартии од вредност со приватна продажба заради инвестициски цели. Во зависност од условите на пазарот и други фактори, ЕБОР може одвреме навреме да купи уште или да се ослободи од хартиите од вредност на компанијата или да ја задржи сегашната позиција.
Euromax Resources е сопственик на проектот за развој на рудник за бакар и злато во Иловица во Македонија и на компанија за услуги за истражување во Бугарија. Компанијата е фокусирана на изградба и работа со проектот за бакар и злато Иловица во Македонија, како и на профитабилна употреба на богатото искуство во истражувањето што го има во подружницата за услуги за истражување во Бугарија. /крај/ мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

