Компании
Еден од преземачите на Макпетрол е колекционер на огромен број светски уметнички дела
– Александар Каплан, еден од основачите на „Балкан Петролеум“ којашто претендира да стане нов сопственик на македонски „Макпетрол“
За Александeр Смузиков и за Александар Каплан, основачите на „Балкан Петролеум“, компанијата којашто искажа намера да ја преземе македонскиот нафтена комапнија „Макпетрол’, нафтениот бизнис дефинитивно е позната територија.
За Александeр Смузиков и за Александар Каплан, основачите на „Балкан Петролеум“, компанијата којашто искажа намера да ја преземе македонскиот нафтена комапнија „Макпетрол’, нафтениот бизнис дефинитивно е позната територија.
Неодмна во нивното прво интервју за македонски медиум, Каплан истакна дека „јавната понуда до акционерите на ‘Макпетрол’ не е само за доверба, туку, исто така, е за пари“. „Ние нудиме добра цена за акциите и дополнително, ние имаме пари за да ја поддржиме оваа понуда’, порача бизнисменот.Несомнено, македонската јавноста ја интересира кој е Каплан. Според расположливите информации, станува збор за личност којашто има дваесетгодишно искуство во нафтениот бизнис и бизнисот со гас во Русија, како и во останатите земји од поранешниот СССР.Повеќе од дваесет години тој се наоѓал на менаџерски позиции во компанијата за нафта и гас „TNK-BP’ (British Petroleum), во која удело во соодност 50 – 50 отсто имаа удел „British Petroleum“ и нафтената компанија „Tuemen“. Своевремено TNK-BP беше третата по големина компанија во Русија за нафта и гас.Како извршен заменик претседател за производство и трговија и како прв заменик–извршен потпретседател за производство и трговија, Каплан беше дел од донесувањето на важни одлуки за развојот на компанијата. Каплан дипломирал и се стекнал со диплома по право на универзитетите во Москва и во Чикаго, САД, каде ги завршил неговите бизнис студии во лидерство и маркетинг. А неговото прво работно искуство датира од 1994 година во „Alfa Eco“.Каплан е оженет и е татко на две ќерки. Тој во своите интервјуа постојано истакнува дека семејството му е најголемата поддршка во бизнисот и дека секој момент од своето слободно време го користи за дружење со своите ќерки и сопругата. Иако, за неговата приватност, која Каплан инаку многу ја цени, нема многу во медиумите, сепак руските новинари знаат да напишат дека Александар совршено добро знае да го балансира својот професионален живот и семејството, особено ако се знае дека станува збор за бизнисмен со големо работно искуство и постојана вклученост во проектите на кои тој работи. Неговиот партнер Александер Смузиков, исто така, има значително оперативно работно искуство во нафтената и петрохемиската иднустрија. Тој, имено е е основач на „Magistral Group“, која започнала да работи со дистрибуцијата на нафтени производи, чии главни клиенти беа „Lukoil“, BP, “Tatneft’ … Смузиков подоцна ја продава Magistral Group на TNK-BP (British Petroleum). Смузиков, инаку дипломирал право од Moscow State University of Service. За јавноста е познат како страствен колекционер на значајни руски уметнички авангардни дела. Во неговата богата колекција, која важи за една од најдобрите во Русија, се истакнуваат делата од пионерот во апстрактната уметност, Казимир Малевич, кој има оставено голем впечаток во апстрактната светска уметност, што најверојатно е причина за одушевувањето кај Смузиков. Исто така, Смузиков е познат колекционер на дела од конструктивизмот, супрематизмот, модерните уметнички дела од 20-от век, како и пост-воената и современата уметност. Економскиот магазин Financial Times во едно од своите изданија истакна дека Смузиков, уметничките слики од својата колекција ги позајмува и изложува во музеи каде истите се достапни на широката популација. „Можноста да се видат и во живо да се погледнат делата од приватните колекции е прекрасна. Александер Смузиков е токму еден неколкуте приватни колекционери кои својата колекција ја изложува во галериите и музеите, со што истата ја прави достапна на јавноста која нема друга шанса како да ги види скапите и важните уметнички дела од историјата“, стои во текстот објавен во Financial Times. /крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

