Компании
Еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар
Вработените и менаџментот на Пивара Скопје, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје
Во рамки на акцијата собран е целокупниот сув отпад кој понатаму ќе биде селектиран и рециклиран со што ќе се обезбеди негов соодветен третман. „Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа еко-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина, а особено кон водните ресурси. Како еден од оснoвачите на Пакомак, ние во Пивара Скопје целосно сме посветени и работиме кон остварување на нашите, но и на националните цели и таргети во поглед на управувањето со отпадот од амбалажа. Со оваа еко-акција даваме придонес кон оставарување на тие цели. Се надевам дека со нашиот денешен пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе и компании во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, како и практиките за одржливост на Heineken, Пивара Скопје спроведува континуирани активности насочени кон правилно управување со отпадот од амбалажата, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода.„Прекрасната и разновидна природа е едно од најголемите богатства на Македонија. Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап меѓу државните институции, бизнис секторот и граѓаните, а тоа е и причината поради која мојот тим и јас сме тука денес: со нашиот мал придонес да поттикнеме големи промени“, рече амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.За успехот на акцијата придонесе и компанијата Пакомак којашто ја обезбеди и целокупната неопходна логистичка поддршка за соодветно собирање и транспорт на отпадот, како и негово селектирање и рециклажа. „Бројот на вработени кои волонтерски се вклучија во оваа акција ги надмина нашите очекувањата и докажа дека со воља, позитивен пристап и тимска работа можеме да спроведеме заеднички акции кои оставаат позитивен печат на заедницата. Пакомак е силно посветен кон минимизирањето на какви било несакани ефекти од амбалажниот отпад врз животната средина и во таа насока сакаме да демонстрираме дека вредностите што ги споделуваме не се декларативни, туку суштински“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на компaнијата Пакомак, чија основна дејност е управување со отпадот од пакување. Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е стратешка цел на Пивара Скопје. За своите досегашни заложби за одржливост и евидентните резултати во заштита на животната средина, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, трета година по ред е рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

