Компании
„Еко Клуб“ почна да го гради првиот логистички центар за унгарски производи во Македонија
Во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“, во Општина Илинден, поставен е камен-темелник на нова инвестиција на компанијата „Еко Клуб“, која почна да го гради првиот логистички центар за унгарски производи во Македонија.
Камен темелникот, пред поголем број граѓани и стопанственици го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Јозеф Бенце и сопственикот на компанијата „Еко Клуб“, Сашо Јанакиевски.ѓВкупната инвестиција во првиот логистички центар за унгарски производи во Македонија, според инвеститорот, ќе изнесува изнесува 1,5 милиони евра и ќе овозможи отварање на нови 80 слободни работни места.За време на обраќањето пред присутните градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски не го криеше своето задоволство што со поставувањето на камен темелникот на компанијата „Еко Клуб“ со несмалено темпо продолжува инвестицискиот циклус во Општина Илинден, при што во деветте локални економски зони секојдневно никнуваат нови погони, кои што овозможуваат отворање на нови работни места. „Посебно сум среќен што нашата бизнис заедница од денес е побогата за уште еден член, со уште еден фундамент за одржлив економски развој, поради што сакам да ја искористам можноста на новиот инвеститор „Еко Клуб“ да му посакам искрено добредојде во Општина Илинден“, истакна Стојановски.Притоа, тој додаде дека многубројни се поволностите што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, што е дел од стратегијата на Општината за привлекување на што поголем број компании што би инвестирале, со единствена цел отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден и во регионот.„Општина Илинден и натаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите, на поддршката на инвеститорите и намалувањето на стапката на невработеност која во моментот во Општината е под 10 %“, додаде Стојановски.Обраќајки им се на присутните, амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Јозеф Бенце се осврна на успешната трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија. „Пред 2 години за прв пат тука отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балканот, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 насто, а годинава за нови седум проценти“, истакна Бенце.Сопственикот на компанијата „Еко Клуб“ истакна дека ќе биде изграден деловен простор на површина од 8.700 метри кој ќе овозможи привремено складирање на унгарските производи, кои што ќе транзитираат низ Македонија во околните земји. Како што рече тој, ова ќе биде место за нивна промоција и презентацијаСпоред најавите на инвеститорот првиот логистичкиот центар за унгарски производи во Македонија се очекува да почне со работа во втората половина на 2017 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

