Контакт

Компании

Екстра Меин ги поддрржува напорите на Минситерството и обвинителството да се дознае вистината за листеријата

Објавено пред

Кумановската компанија Екстра Меин во неделата преку соопштение даде целосна поддршка за напорите на министерот за здравство Никола Тодоров да се разреши мистеријата за фамозната бактерија листерија, а оцени и дека некои негови соработници му даваат дезинформации.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како најзасегнати, најмногу од се сакаме да знаеме кој е изворот на листеријата. Во целиот хаос од импровизации, волунтаризми и фингирања на одредени институции, сигурни сме само во едно – изворот не е во Екстра Меин!, се вели во с општението

 

Во нашата компанија не се ни сомневавме дека резултатите од вонредно земените мостри од нашиот производен погон ќе бидат негативни, што е идентично со искажаното во вчерашната изјава на Министерот Тодоров. Ако некој наведува дека е користен дезинфициент во производствениот погон, треба да знае дека тоа е стандардна процедура по завршување на секој работен ден во погонот, кога се чистат и се дезинфицираат опремата и просториите, дека е постапувано по европските регулативи и НАССР системот. Тоа е имплементирање и спроведување на добрите производствени и хигиенски практики. Во нашата компанија, за сите овие 20 години успешно работење, нема ниту еден случај на листерија! Односно историјата на листерија е еднаква на нула!

 

Уште еднаш ќе потсетиме дека сите наши производи се термички третирани, на температура од 73 до 79 целзиусови степени, вклучително и вакумираниот сечкан свински врат! Што значи дека нема никаква можност од појава на листерија во вака термички третирани производи.

 

Како доказ за тоа се и направените 272 редовни и над 60 вонредни анализи на  мостри земени од производствениот погон, само од почетокот на 2014 година, и сите се негативни. Сите овие анализи и резултати веќе се испратени од наша страна до Јавното обвинителство.

 

За секој производен ден, за секој произведен лот и шаржа ние поседуваме детална документација. Вакви извештаи поседуваме и за сето она што се нарекува ладен ланец – термографски записи од фабрика до дистрибутивните центри! А што се случува во дистрибутивните центри и малопродажбата кои се независни оператори со храна, како се складира и како се чува одреден производ – не знаеме и не можеме да знаеме. Тоа е работа на инспекциските служби.

 

Уште повеќе, во истиот контекст, двата наводно спорни лота вакумиран сечкан свински врат, повлечени од малопродажба и тестирани во две независни институции во државата, покажаа идентични резултати – листерија нема!

 

Здравствените власти го отворија и наводниот случај на стоматологот од Прилеп! Агенцијата за храна и ветеринарство се изјасни за овој случај дека не го зема како валиден токму поради оваа нестандардна процедура на земање мостри.

 

Ако е логично случаите низ Македонија да се поврзуваат само со еден производ поради тоа што тој се дистрибуирал насекаде, отвораме прашање: што станува со сите останати производи кои што исто така се дистрибуриаат насекаде низ државата: млеко и млечни производи, овошје, зеленчук…

 

Настрана сите пропусти во водењето на процедурите, кои ги има многу и кои се и тоа како клучни во водењето во погрешна насока на целата приказна со листеријата, ги повикуваме институциите да проверат која лабораторија во Република Македонија има акредитирана метода за  генотипизација.

Ова може лесно да се провери во Институтот за акредитација и на Факултетот за ветеринарна медицина на Република Македонија, за тоа кои лаборатории и за што се сертифицирани и акредитирани. Нема ниту една акредитирана метода за генотипизација. Тоа го знаат и го потврдуваат сите експерти во оваа област.

 

Затоа цениме дека изјавите на министерот Тодоров се дадени поради недоволна информираност од страна на неговите најблиски соработници, Миленковиќ и Ристовска-Шурбеска. Директорката од Центарот во Велес во официјален документ испратен до Министерство за здравство изјавува дека мострите се земени на 23.07.2014 година. Во официјалниот резултат, пак, како датум на прием стои 25.07.2014. Каде биле мострите цели два дена и како биле чувани? Исто така, таа не го направила клучниот чекор предвиден со Закон, а тоа е квантификација на резултатот, каде што се дозволени 100 cfu на грам за испитуваниот производ (Службен весник на РМ 100/13).

 

Од друга страна, Миленковиќ самиот себеси се демантира во изјавите дадени за медиумите, велејќи дека во еден случај квантификацијата е важен фактор, а во друг случај (во нашиот) – небитен. Да потсетиме дека квантификацијата е критичен фактор кој ја одредува инфективната доза потребна за инфицирање на човек.

 

Има уште многу неодговрени прашања и процедури обвиени со мистерија.

Уште еднаш го поддржуваме Министерот Тодоров да расчисти со импровизациите и волунтаризмот во грешно водените процедури и постапки и му изразуваме јавна поддршка целиот документиран случај да го достави до Јавносто обвинителство и сите следни идни наоди.

 

Исто така, и ние ги доставивме, ги доставуваме и ќе ги доставуваме сите потребни документи и наши докази во врска со листеријата до Јавното обвинителство.

 

Ние, како најзасегната страна во случајот сме заинтересирани за брза, но не и избрзана и произволна разрешница.

 

Претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Sвонко Миленковиќ и Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес Д-р Шурбеска треба да престанат да го  наведуваат министерот Тодоров во погрешна насока и да го дозираат со извртени полуинформации и конструкции. Министре, првите двајца ја знаат вистината, само треба да Ви ја кажат!

За нас во Екстра Меин, единствен пат по кој треба да се водиме е патот на вистината, Законот и законските процедури, а не отворените обвинувања, подметнувањата и етикетирањата.

 

На крај, секако некој ќе мора да одговара за направената штета!, се вели во соопштението на кумановската компанија. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“

Објавено пред

Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.

dobivaj vesti na viber

Официјален опис на процесот

На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.

Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.

Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:

„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“

Искуство од прва рака

Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.

„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.

„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.

Исцрпувачко и монотоно

Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.

„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.

„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.

Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.

„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.

Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.

Прикажи повеќе...

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија14 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ15 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија16 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија18 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ18 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија19 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет19 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија20 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија20 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион21 час

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет21 час

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет22 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет22 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа23 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија2 дена

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија2 дена

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија2 дена

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...