Компании
Електричниот автомобил Volkswagen e-up претставен во Македонија
Електричен автомобил достапен е од средата за прв пат на македонскиот пазар. Станува збор за Volkswagen e-up кој беше промовиран во салонот на „Порше Македонија“, ексклузивен импортер за возилата од најголемиот европски производител.
Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови. Со него може да се минат 100 километри за 57 денари, според постоешката цена на електричната енергија во Македонија, поради што е прогласен за светски шампион на полето на ефикасноста.
Предвиденое автомобилот во Македонија да се продава по цена од 26.900 евра, а од „Порше Македонија“ се подготвени да ги направат првите нарачки.
Овој автомобил, кој важи за пријател на животната средина, се движи речиси без никаков звук.
„Порше Македонија пишува ново подглавје во мобилноста на македонскиот автомобилски пазар со нула емисии на штетни гасови. Нашиот долгорочен план го започнуваме со пет целосно електрични возила од Volkswagen и со тоа придонесуваме кон поздрава животна средина и максимално економична мобилност. Сите општествено одговорни институции, компании, здруженија и поединци можат во „Порше Македонија“ да најдат партнер од доверба во создавањето на мобилноста од иднината и поздрава животна средина,“ рече генералниот менаџер на „Порше Македонија“ Златко Муцунски.
Со e-up!, Volkswagen направи пионерски влез во сериско производство на возила со целосно електричен погон, автомобилот има четири седишта и гарантира удобно возење и безбедност. Возило е скроено за гратско возење, но е одличен избор и за подолгите патишта Тоа е автомобил за секојдневна употреба, со импресивно висок вртежен момент од 210 Nm. Volkswagen e-up! е тивок и не губи моќ при менување на брзините. Volkswagen e-up! има електричен мотор кој обезбедува максимална моќност од 60 kW / 82 КС, a тежи само 1.139 килограми. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 12.4 секунди и ја постигнува максималната брзина која изнесува 130 км / ч. Со својата литиум – јонска батерија од 18.7 kWh, која има 8 години гаранција, при оптимални услови автомобилот може да помине приближно 160 километри. Тоа значи дека не го оптоварува семејниот буџет и троши само 57* денари на 100 километри.
„Volkswagen e-up! може да се полни со 2,3 kW приклучок на секој стандарден електричен приклучок со 230V. Приклучокот од 3,6 kW може да се инсталира во секој дом, додека пак за да се употреби приклучок од 40 kW потребна е станица за брзо полнење. Во вториот случај, батеријата се полни до 80% за помалку од 30 минути. Местото за полнење на батеријата е поставено на истото место како и кај стандардните модели, под поклопецот за гориво. Во идеален случај e-up! може да користи електрична енергија од обновливи извори и на тој начин ќе биде 100% CO2 неутрален“, изјави Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ .
Од „Порше Македонија“ најавија дека утре во Скопје ќе отворен првиот јавно пункт за полнење на електрични автомобили.
Стилот на e-up! е суптилен и го изразува високиот квалитет. Една карактеристична и важна функција на надворешноста е закривениот изглед на LED дневните светла кои се поставени во предниот браник. Покрај тоа, предниот дел, праговите и подвозјето се аеродинамично оптимизирани. Volkswagen e-up! од надвор изгледа атрактивно со своите машински полирани 15-инчни алуминиумски тркала и со логото Volkswagen e-up! со сина позадина кое е поставено на задниот дел. Во внатрешноста e-up има карактеристични светло сиви прекривки на седиштата со шевови во сина боја. Специјална кожа и хромираните детали целосно се совпаѓаат со концептот на урбан електричен автомобил.
Volkswagen e-up! е прво електрично возило на производителот од Волфсбург, кој ги поставува стандардите во издржливоста на автомобилите, иновативниот дизајн и напредните технологии кои се еден чекор пред своето време. Автомобилот e-up! за првпат беше претставен на саемот во Франкфурт и ги воодушеви посетителите и експертите со својот уникатниот надворешен изглед, внатрешниот комфор, еколошкиот пристап и одличните перформанси. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

