Компании
Еуромакс Ресоурцес ја поднесе ОВЖС за проектот за бакар и злато „Иловица“
Еуромакс Ресоурцес ја поднесе Оцената на влијанието врз животната средина („ОВЖС“) за проектот за бакар и злато „Иловица“ до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оцената на влијанието врз животната средина претставува проценка на можните влијанија врз животната средина и на социјалните аспекти на проектот „Иловица“ врз локалната заедница и е направена врз основа на неодамна објавената Студија за изводливост за проектот и деталните истражувања на постоечките услови во животната средина и социјалните аспекти, кои започнаа во септември 2013 година. Поднесувањето на Оцената на влијанието врз животната средина е во целосна согласност со националната регулатива од оваа област и е еден од условите за издавање на Дозвола за експлоатација за проектот „Иловица“. Оцената на влијанието врз животната средина се темели на деталниот проект и основните информации и е базирана на реални податоци и состојби. Еуромакс во 2012 година доби одобрение за Студијата за влијанието врз животната средина. Нетехничкото резиме е достапно на веб страницата на Министерството за животна срeдина и просторно планирање, а на веб страниците на Еуромакс и на различни физички локации во Македонија ќе биде достапна целокупната Оцена на влијанието врз животната средина. Истовремено, во период од 30 дена, ќе бидат поканети сите засегнати страни на увид и ќе имаат можност за свои коментари и сугестии. Во овој период ќе се одржат средби со засегнатите страни од локалната заедница при што проектот и неговите ефекти ќе им бидат детално објаснети. Заинтересираните страни ќе имаат можност да постават прашања за различни аспекти на проектот. Сите коментари, сугестии и прашања ќе се разгледаат и ќе бидат опфатени во конечната верзија на Оцената на влијанието врз животната средина. „Завршувањето на работата во однос на постојните услови во животната средина и социјалните аспекти и со тоа и ОВЖС за проектот „Иловица“, врз основа на Студијата за изводливост, покажува дека ќе работиме безбедно и одговорно кон животната средина и социјалните аспекти. Тимот за истражување на животната средина и социјалните аспекти е составен од тим на Еуромакс, локални стручни лица од различните области кои тесно соработуваа со компаниите „Голдер Асоушиејтс“ и „Шламберже Уотер Сервисис“ во насока на усогласување на ОВЖС со националните и меѓународните насоки за одговорност во изградбата и работењето од гледна точка на сите чинители“, рече главниот оперативен директор Патрик Форвард.Продолжува дополнителна работа на Оцената на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти („ОВЖССА“) како проширување на националната Оцена на влијанието на животната средина продолжува, со цел исполнување на стандардите и барањата за изведба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и според Екватор принципите. ЕБОР е сопственик на речиси 20% удел во овој проект. Изградбата на рудникот за бакар и злато во „Иловица“ ќе започне по завршување на сите законски процедури. Според Студијата за изводливост (СИ) животниот век на рудникот ќе изнесува 20 години, додека годишното производство на руда е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство на метал е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

