Компании
ЕВН донираше пакети со прехрамбени производи во народната кујна на МПЦ

ЕВН Македонија во петокот соопшти дека реализираше серија донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во верските заедници.
Со донацијата на прехрамбени производи за топли оброци во народната кујна „Св. апостоили Петар и Павле“на МПЦ во населбата Ѓорче Петров, ЕВН Македонија ги заокружи празничните донации. Оваа донација ќе помогне и годинава волонтерите да подготват празнични јадења за верниците на МПЦ кои ја посетуваат народната кујна.
Протоереј Љубе Вељановски посочи дека народната кујна е дом и место за прехранување на верниците кои се во тешка социјална положба. Изразуваме голема благодарност до ЕВН Македонија, кои и оваа година не не’ заборавија. Оваа донација ќе помогне бездомниците и другите граѓани кои се во тешка социјална положба да го почуствуваат духот на празниците, рече протоереј Љубе Вељановски.
„Оваа донација за Народната кујна Св. апостоли Петар и Павле на МПЦ е симболична порака до нашите сограѓани од социјално ранливите категории дека за празниците не се сами, и не се заборавени. Добро е она што го имате да го споделите со оние што немаат, а новогодишните и божикните празници се време за споделување добрина и разбирање, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.
Вчера ЕВН Македонија и хуманитарната организација „Хилал“ која е во склоп на Исламската верска заедница донираа прехрамбени продукти за над 800 социјално ранливи семејства.
ЕВН Македонија и Црвениот Крст во изминатиов период ја реализираа и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од повеќе градови низ земјава имаа можност од 12 до 26 декември да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња со училишен прибор: ранци и слатко изненадување. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
Склопи сам, конфигурирај со „Нептун“!

Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.
Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.
Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршка чекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек-дело од компјутер.
- Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
- Затоа што може да го направите во секое време и од кое било место
- Затоа што може подобро да го оптимизирате вашиот буџет
- Затоа што може да ги изберете компонентите што ги сакате и што совршено ќе одговараат на вашите потреби, а притоа да бидете сигурни дека истите се меѓусебно компатибилни
- Затоа што ќе може полесно да го надградувате и одржувате компјутерот и во иднина
- И конечно, затоа што сите компоненти и онлајн конфигураторот сега се достапни во Нептун.
Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопите компјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креирате врвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.
Изборот на компонентите што ја сочинуваат секоја компјутерска конфигурација е вистинска уметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.
Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара на вашите потреби, посебен, единствен компјутер што никој друг го нема освен вас. Со избирање на вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максимални перформанси со минимална инвестиција што ќе ги оживее вашите игри и апликации.
И за крај, потсетување за сите љубители на технологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија на дури 48 рати без камата, во сите продавници на Нептун.
(ПР)
Економија
Нова поддршка за малите бизниси од Прокредит банка – 90 претприемачи ќе имаат можност да учествуваат во првата „Прокредит бизнис-академија“

ПроКредит Банка официјално ја претстави новата едукативна програма за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. „ПроКредит бизнис академија“ беше претставена на настанот кој се одржа вчера во Forza Fusion Bar, каде што претставници на медиумите и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со целосната програма и нејзините придобивки.
Академијата е дел од пошироката иницијатива на ПроКредит Банка насочена кон зајакнување на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка. Како банка која континуирано создава можности за едукација и вмрежување, преку оваа академија ќе им овозможи на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки за унапредување на деловните вештини.
„Преку ПроКредит бизнис академијата сакаме да им овозможиме на претприемачите пристап до знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот голем чекор во развојот на нивниот бизнис. За нас, да се биде партнер на бизнисот, значи да се оди чекор понапред од нудење на стандардни банкарски услуги. Затоа вложуваме во тоа што е клучно за градење успешен бизнис – знаење и мрежа на контакти. Веруваме дека едукацијата е клучна за одржлив раст, а оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја зајакнуваме локалната бизнис заедница,“ изјави Милан Дамчевски, Член на Управниот Одбор на банката.
Програмата ќе биде реализирана под менторство од искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group која повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.
Академијата е структурирана во пет клучни модули, кои ги опфаќаат темите: разбирање на финансиски концепти, продажба, комуникациски вештини, интерно претприемништво и дигитална трансформација.
Програмата ќе се реализира од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.
Учеството е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Заинтересираните претприемачи можат да аплицираат до 30 март 2025 година. По
процесот на селекција, ќе бидат избрани 90 учесници кои ќе се приклучат на првата генерација на ПроКредит бизнис академијата. Пријавувањето е отворено преку официјалната страница biznisakademija.pcb.mk каде што се достапни сите детали за академијата.
(ПР)