Компании
ЕВН инвестирала 300 милиони евра во модернизација, развој и реконструкција на дистрибутивната мрежа
Изминатите 10 години ЕВН континуирано инвестира во модернизација, развој и реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа, на сите напонски нивоа во вредност од околу 300 милиони евра, информираат од компанијата, по повод одбележувањето на 10 години од работењето.
„Процесот на инвестиции во обновливите извори на енергија овозможи модернизација и зголемување на капацитетот на 11 мали хидроцентрали. На високонапонско ниво изградени се пет нови високонапонски трафостаници и надземни водови, односно мрежа во должина од 50 километри. Новоизградената вискоконапонска подземна мрежа, пак, е во должина од 105 km, додека новата среднонапонска изнесува 2800 км. Со овие инвестиции се подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето“, пишува во соопштението. Понатаму од ЕВН информираат дека дополнително во среднонапонската мрежа се изградени 1050 нови дистрибутивни трафостаници и среднонапонска надземна мрежа во должина од 950 км. Новата изградена нисконапонска мрежа е во должина од 1700 км. Сменети се 850.000 стари броила, со нови автоматизирани броила. Овие инвестиции придонесоа за значително намалување на техничките загуби на електрична енергија, со што е подобрена енергетската ефикасност во системот. Континуираните инвестиции во развој на дистрибутивната мрежа на сите напонски нивоа, даде соодветен одговор на потребите на бизнис секторот во насока на остварување на економски развој на Република Македонија.Покрај овие инвестиции ЕВН Македонија инвестираше и во сегментот на услуги, со формирање на Корисничко информативен центар во кој корисниците можат да добијат информација и услуга 24/7 на македонски, албански јазик и англиски јазик. Креирани беа услуги со кои се олеснува комуникацијата и се надминуваат отворените прашања со корисниците. Модерниот начин на производство на електрична енергија и водење на дистрибутивниот систем е овозможен преку главниот Диспечерски центар на ЕВН Македонија од каде автоматски се управуваат малите хидроцентрали и поголемите трафостаници. Овој систем овозможува брзо и ефикасно функционирање на дистрибутивната мрежа што за крајните корисници значи подобра и поквалитетна услуга во секое време. „Согласно изработениот Мастерплан на ЕВН Македонија, во идните години предвидена е реализација на проекти за континуирано подигнување на квалитетот на дистрибутивната мрежа на целата територија на Република Македонија за што ќе се инвестираат 700 милиони евра. Целта е јасна, и во иднина со континуирани инвестиции и имплементирање на новите технологии да се гарантира безбедно, сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

