Компании
ЕВН ја реконструира и модернизира дистрибутивната мрежа во тетовскиот регион
ЕВН Македонија продолжува да ја модернизира и реконструира дистрибутивната мрежа и во Корисничкиот енерго центар во Тетовскиот регион.
Од компанијата велат дека краток период интензивно се работело на дистрибутивната мрежа каде се вклучени неколку општини, односно Тетово, Желино, Јегуновце, Теарце, Брвеница и Боговиње.
Инвестицијата во овие општини изнесува 1.5 милиони евра, при што е реконструирана мрежата на сите критични точки, градејќи нова, особено во оние населени места каде е зголемен бројот на корисници.
„Во Тетово и околните села се изградени 12 трафостаници, додека седум други се реконструирани и поставена е кабловска линија од 8.160 метри. Исто така, изградена е подземна мрежа од 1.210 метри со среден напон и е реконструирана е среднонапонската мрежа во должина од 3.750 метри. Во нисконапонската мрежа поставени се подземни кабли од 11.349 метри и 15.405 метри нисконапонска воздушна мрежа, со што повеќе од 11 176 корисници ќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија“, се вели во соопштението од ЕВН.
ЕВН Македонија најави дека ќе продолжи да инвестира во дистрибутивната мрежа низ регионите, за подобрување на напонот и за сигурно снабдување на сите корисници со електрична енергија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)