Компании
Facebook мора да се соочи со тужбите на акционерите во врска со IPO
Судија на американски окружен суд потврди две тужби на акционери во кои социјалната мрежа Facebook се обвинува дека ја прикривала загриженоста во врска со проекциите на нивниот рас пред иницијалната понуда на акциите (IPO) во мај 2012 година.
Судијата на окружниот суд на Менхетен, Роберт Свит, утврдил дека малите и институционални вложувачи, кои тврдат дека се во загуба од купувањето на акциите на Facebook според „надуваните“ цени поврзано со IPO-то на оваа компанија во вредност од 16 милијарди долари, може да поднесат групни тужби.
Судската одлука е донесена на 11-ти декември и била под ознака на тајност кој ја симнал судијата Свит и ја објави во вторникот 29-ти декември.
Меѓу тужените е извршниот директор на Facebook, Марк Џикенберг, главната деловна директорка Шерил Сандберг и други функционери во компанијата. Од Facebook, пак, се жалат на наведените тужби, со образложение дека не се основани и дека се во судир со преседани.
Акционерите го обвинуваат Facebook за „фабрикување“ на интерните проекции во пресрет на IPO-то за тоа како би растеле во сегментот на мобилни уреди, во кој обично остваруваат мали приходи од огласувања, можел да им наштети на нивните изгледи, иако тивко го предупредиле организаторите наи издавањето да ги намалат своите процени.
На првото излегување на пазарот на 18-ти мај 2012 година, акциите на Facebook беа понудени по цена од 38 долари. На почетокот од септември истата година цената им потона до 17,55 долари и се задржа под цената на понудените на IPO-то повеќе од една година.
Со текот на времето цените на неговите акции закрепна и во вторникот на затворањето на пазарот Nasdaq беа во плус од 1,33 долари, достигнувајќи 107,26 долари, со што пазарната капитализација на Facebook достигна околу 303 милијарди долари, покажуваат податоците на Reuters./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

