Компании
„Фурна Диме“ прослави 30 години постоење
„Фурна Диме“ – единствениот македонски производител на леб и пекарски производи со целосно заокружено сопствено производство „од нива до трпеза“, го прослави својот три децениски јубилеј.
За 30 години, компанијата која го носи името на својот оснивач, од мала семејна фурна, благодарение на обемните вложувања, прерасна во современ индустриски капацитет со 100% домашен капитал, во чиј состав се наоѓаат: пекарница со површина од 6000 м², во која со најсовремена технологија дневно се произведуваат и до 20 илјади парчиња леб; сопствена мелница за брашно која може да сомеле и до 36 тона жито во едно деноноќие; погон за производство на слатки и свежи колачи, како и најсовремено опремена лабораторија за проверка на квалитетот на житото, брашното и пекарските производи. Во составот на компанијата се наоѓаат и две земјоделски стопанства во Светиниколско и Кумановско, што и овозможуваат сопствено производство на квалитетна домашна пченица и семенски материјал на вкупно 1700 хектари, како и силоси за складирање на пченица со капацитет од 5000 тони. Сопственото производство на пченица, како и производните капацитети за складирање, производството на брашно и на готови пекарски производи ѝ даваат уникатна вредност на компанијата, овозможувајќи ѝ да обезбеди целосна контрола и гаранција на квалитетот на своите производи, што е од особена важност за потрошувачите. „Не е лесно да се изоди патот од нива до трпеза. Не е лесно од маалска фурна да се изгради фабрика од 6 000 м2 и од грст пченица да се ожнеат 4000 тони жито. Од семеен бизнис со тројца вработени да се направи индустрија која обезбедува егзистенција за 170 семејства на мајстори – пекари, бурекџии, слаткари, трактористи, технолози, агрономи, електроинженери, економисти и правници“, изјави сопственикот на „Фурна Диме“ – Илија Павличковски, нагласувајќи дека компанијата каква што е денеска е изградена благодарение на почитување на семејната традиција и квалитетот, но и на огромното залагање и поддршка од вработените и нивната желба за успех и посветеност.Благодарение на сите овие фактори кои гарантираат висок квалитетет, „Фурна Диме“ успеа, за три децении да прерасне во препознатлив пекарски бренд на пазарот. За сега, компанијата ги дистрибуира своите производи во над 600 продажни места во Скопје, Велес и Тетово. Развојните планови на компанијата вклучуваат натамошно проширување на производството и пласманот, што секако ќе значи и зголемување на сопствените производни капацитети. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

