Компании
Газпром формира компанија за градење на гасоводот во Турција
Рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ ќе ја формира компанијата „Газпром Рускаја“ за изградба на гасоводот во Турција, изјави во понеделникот за новинарите претставникот на корпорацијата Сергеј Купријанов.
Рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ ќе ја формира компанијата „Газпром Рускаја“ за изградба на гасоводот во Турција, изјави во понеделникот за новинарите претставникот на корпорацијата Сергеј Купријанов.
„’Газпром’ ќе формира претпријатие за изградба на новиот гасовод во Турција. Компанијата ќе биде регистрирана во Санкт Петербург. Соодветната процедура е започната веќе денеска. Претпријатието ќе го носи името ’Газпром Рускаја’ според главната компресорска станица ’Рускаја’“, изјавил Купријанов, кого го цитира РИА Новости.
Изградбата на новиот гасовод во Турција по дното на Црното Море беше најавена на 1-ви декември, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара. Новиот гасовод ќе биде изграден како замена за веќе напуштениот проект Јужен тек, за што Путин објави по разговорите со турската страна, како што рече, поради опструкциите и „неконструктивната позиција“ за негово градење од страна на Европската унија. Овој гасовод требаше, исто така, по дното на Црното Море да ја заобиколи Украина, и да излезе на копното во Бугарија, да минува низ Србија, Унгарија и Словенија до Австрија и Италија.
Веќе истиот ден „Газпром“ и турската компанија „Ботас“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод преку Црното Море со капацитет од 63 милијарди кубни гас годишно, исто како и Јужен тек. Од ова количество, 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат наменети за Турција, којашто најверојатно добива и повластена цена, а другите 49 милијарди кубни метри руски гас ќе бидат пренасочени кон гасниот центар на границата меѓу Турција и Грција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)