Компании
„Гентерм“ почна со производство, вработени веќе 450 луѓе
Во ТИРЗ „Прилеп“, во четврток, официјално е отворена фабриката на американскиот „Гентерм“, инвестиција вредна 20 милиони евра, во која веќе работат 450 лица, се очекува бројката на вработени да достигне 2.000.
„Инвестицијата на „Генетерм“ се проценува на околу 20 милиони евра, а новата фабрика ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија на европскиот пазар. Она што е особено важно за нас како Влада, но и за целиот регион, е што „Гентерм“ веќе почна со вработување кадри и досега во оваа компанија се вработени над 400 луѓе. Во наредните неколку години се очекува бројот на вработени да се искачи на 2.000 лица што е од големо значење за земјава, а особено за жителите на Прилеп и околните градови“, порача премиерот Емил Димитриев на отворањето на фабриката.Димитриев изрази надеж дека оваа зона ќе биде дом на многу идни фабрики и место каде своето вработување ќе го најдат многу луѓе.Во следниот период, се очекува со работа да почне и втората фабрика во зоната, германската компанија „Акомпласт“.Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, отворањето на компанијата во зоната во Прилеп дополнително ќе придонесе за намалување на невработеноста во градот која со спроведувањето на комплементарните економски политики во последните 10 години е намалена за над 40 отсто.„Новата фабрика на „Гентерм“ е доказ за одличните бизнис релации воспоставени меѓу Македонија и САД. Вкупно девет од 23-те фабрики кои работат или се во фаза на изградба во ТИРЗ-овите имаат американски капитал, а вкупното портфолио на нивните инвестиции изнесува над 150 милиони евра. По комплетирањето на инвестициите за година – две, се очекува бројот на вработени во американските компании во Македонија да достигне над 10.000 лица“, рече Пешевски. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо потсети дека камен темелникот на ТИРЗ „Прилеп“ беше поставен во декември 2014 година и додаде дека со отворањето на фабриката на „Гентерм“ ТИРЗ „Прилеп“ станува петта функционална економска зона во Македонија по „Скопје 1“, „Скопје 2“, „Кичево“ и „Штип“.Прецизира дека во првата фаза од инвестицијата на „Гентерм“ е изграден капацитет на површина од 10.000 метри квадратни на парцела со површина од 38.000 метри квадратни, а според проекциите на компанијата се планира производствениот капацитет да се зголеми на 22.000 метри квадратни што ќе се реализира во неколку натамошни фази.„Во фабриката ќе се произведуваат делови за потребите на автомобилската индустрија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар за сите реномирани производители на автомобили. Во моментов во фабриката работат 450 лица, а до крајот на годината нивниот број треба да се зголеми на 650. Во понатамошните фази ќе бидат креирани вкупно 2.000 работни места, рече Мизо.На отворањето на фабриката во ТИРЗ Прилеп присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

