Контакт

Компании

Германски Metro го продава грчкиот синџир продавници

Објавено пред

Германскиот трговски синџир „Metro“ ја најави продажбата на грчкиот дел „Makro“ на локалниот синџир „Sklavenitis“ во рамките на настојувањето на групацијата да се фокусира на главните светски пазар.
 

dobivaj vesti na viber

Германскиот трговски синџир „Metro“ ја најави продажбата на грчкиот дел „Makro“ на локалниот синџир „Sklavenitis“ во рамките на настојувањето на групацијата да се фокусира на главните светски пазар.

 

Продажбата опфаќа девет големопродажни центри и сопственоста во недвижнина со деловна вредност проценета на 65 милиони евра, објави во средата „Metro“. Во компанијата не очекуваат дека трансакцијата ќе влијае врз добивката пред пресметката на каматите и даноците за финансиската 2014/2015-та.

Од „Metro“, исто така, наведуваат дека оваа трансакција, чиешто склопување се очекува во првата половина од следната година, ќе им помогне да вложат во развој на своите активности во другите земји и во дигитални проекти, како и да го зајакната сопствениот биланс.

Грчкиот синџир продавници „Sklavenitis“ е основан во 1992 година, а во финансискиот период 2012/2013 година остварил промет од 301 милиони евра. Компанијата спаѓа меѓу водечките трговски синџири, со околу 110 продавници кои во 2013 година забележале промет од1,2 милијарди евра.

Германски „Metro“, пак, е четвртиот според големината европски трговски синџир и има 2.200 продавници во 31 земја. Раководството на компанијата одлучила да ги намали портфељите за да се концентрира на продавниците на потрошувачка електроника и на велепродажните продавници на клучните светски пазари.

Неодамна ја најавија и продажбата на продавници во Виетнам и својот удел во британската велепродажна компанија „Booker“, како и повлекување од данскиот пазар. Во текот на 2014 година веќе го продадоа и синџирот супермаркети „Real“ во Турција. Во март го одложија ставањето на акциите од својата дејност во Русија на берзанска котација поради пазарните превирање поврзани со кризата во Украина.

Кон крајот на октомври, од „Metro“ известија дека во финансиската 2013/2014-та, којашто заврши кон крајот на септември, забележале за 4 отсто пониски приходи, од 63 милијарди евра, а како причина го наведоа силното евро и продажбата на делови од своето работење. Сепак, очекуваат дека ќе ја остварат зацртаната годишна оперативна добивка од 1,75 милијарди евра, за што детално ќе известат околу средината на декември./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Економија

„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари

Објавено пред

Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.

dobivaj vesti na viber

Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.

Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.

Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.

Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

Прикажи повеќе...

Економија

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Објавено пред

Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

dobivaj vesti na viber

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.

Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.

Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Објавено пред

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува

dobivaj vesti na viber

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии

· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

· Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

· Молба

· Кратко CV

· Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12

1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии

· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

· Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

· Молба

· Кратко CV

· Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Сведоштво од Иран: „Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите“

Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во...

Европа2 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет3 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет3 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет4 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет16 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија18 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија20 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија21 час

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија22 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ23 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија23 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет1 ден

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет1 ден

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет1 ден

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет1 ден

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија2 дена

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...