Компании
Големите европски нафтени компании се свртуваат кон обновливите извори
Најголемите европски нафтени компании, откако загубија милијарди долари во текот на двегодишниот тренд на падот на цените на нафтата на пазарите, го интензивираа своето влегување во обновлива енергија во потрага по извори на своите идни приходи.
Компаниите како „Shell“, „Eni“, „Total“ и „Statoil“ најавија изминатите неколку седмици вкупни вложувања во ткн „зелена“ енергија од околу 2,5 милијарди долари во настојувањата да направат диверзификација на своето основно делување, односно плински и нафтениот бизнис.
Француската нафтена компанија „Total“ објави дека сака во следните 20 години да стане лидер во обновливите извори на енергија и чувањето електрична енергија. Меѓу европските сродни компании најави најголеми вложувања во „зелената“ енергија. Неодамна за 1,1 милијарди долари ја купи компанијата којашто се занимава со складирање енергија „Saft“ Од 2011 година го држи и мнозинскиот идел во произведувачот на соларни панели „SunPower“.
Овие операции се дел од поизразената амбиција на „Total“, а за да ги забрза активностите во оваа област, компанијата од 1-ви септември ќе вработи и член на извршниот одбор кој ќе го води новиот оддел за гас, обновливи извори и енергија.
„Луѓето иновираат кога се притисната до ѕидот. Морате да иновирате, бидејќи доколку само се држите до својата позиција, едноставно не можете да создавате пари“, изјави минатата седмица извршниот директор на „Total“, Патрик Пујане.
Најголемата европска нафтена компанија „Shell“, исто така, основа оддел кој ќе се занимава со „новите енергии“, во којшто ќе го инкорпорира своето производство на своето производство на енергија од ветер и сонце, како и вложувања во водород и биогориво, покажуваат интерните документи кој агенцијата Reuters го одбила на увид.
Компанијата BP, поранешната „British Petroleum“, неодамна ја подигна својата процена за глобалното производство на електрична енергија од „зелени“ извори до 2035 година на 15 отсто.
„Овие компании имаат со илјадници милијарди долари нафтени резерви во своите книги. Меѓутоа, за десет години, доколку продолжи да се намалува трошочниот дијаграм на соларната енергија, а технологијата на батериите да овозможи транспорт на енергијата каде и да ни се укаже потреба од неа, дали тие резерви некогаш ќе почнат да ги црпат?“, прашува Бен Ворен, челник за финансирање на енергетиката и заштита на околината во консултантската компанија „Ernst&Young“.
Сепак, засега најавените вложувања на овој сектор во „зелената“ енергија се незначителни, имајќи ги предвид нивните вкупни капитални вложувања. На пример, најавените вложувања од „Shell“ во износ од 200 милиони долари во нови енергетски активности, се помали од еден отсто од вкупните капитални вложувања, кои годишно се движат околу 30 милијарди долари.
„Во овој момент вложувањата на големите нафтени компании во обновливите извори се мали во однос на нивниот вкупен капитал, а имајќи ги предвид претходните фази не се остваруваат ниту значајни поврати на средствата“, оцените Роан Марфи, еден од директорите во фондацијата „Allianz Global Energy“, кој вложува во компаниите како што се „Shell“ и „Total“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

