Компании
Градежната компанија Адора инженеринг гради дом за живеење и нега „Втора младост“ во скопски Илинден
Градежната компанија Адора инженеринг, со пригодна свеченост и поставување на камен темелник, денес започна со градба на новиот Рекреативен комплекс Адора Илинден Скопје – Дом за живеење и нега „Втора младост“, во Општина Илинден, Скопје.
Комплексот со капацитет за сместување на 150 лица од возрасната популација во Македонија, инвестиција вредна околу 4,5 милиони евра, ќе има соодветни содржини за медицинска нега, исхрана, рекреација, спорт и забава, за хумано живеење и достоинствено стареење на граѓаните, според најсовремените светски стандарди. „Возрасните луѓе кои ќе живеат во овој дом ќе имаат европски квалитет на нега, здравствена заштита, рекреација и забава, што ќе ги подмлади во зрелото доба и затоа домот заслужено ќе го носи името „Втора младост“. Адора инженеринг, потврден бренд во високоградбата, денес започнува хуман бизнис, градејќи квалитетно место за живеење на возрасните лица на атрактивна еколошки чиста локација во срцето на општина Илинден, надвор од стресното урбано секојдневие, непосредно до Градот Скопје. Објектот на приземје и пет ката, со бруто развиена површина од 9.000 м², ќе биде изграден според најновите стандарди за безбедно, енергетски ефикасно, квалитетно домување, почитувајќи ги европските трендови за нега и живеење на старите лица, за што ќе биде ангажиран стручен тим од 30-тина врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници и кадар кој ќе ја води администрацијата на комплексот“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг. „Изградбата на домот за стари лица од страна на инвеститорот и изведувач Адора инженеринг, содржан во локалниот стратешки план за инвестиции и развој на Општина Илинден, претставува репрезентативен комплекс со хумана дејност, од големо значење за жителите на оваа општина. Добрите урбанистички планови и промоцијата на градежните парцели кои ги нуди локалната самоуправа ја овозможија оваа инвестиција на Адора инженеринг, при што за реализација на потенцијалните развојни можности ги следиме барањата и потребите на инвеститорот. Со подготвување патна и комунална инфраструктура која инвеститорите може веднаш да ја икористат за градење и за реализација на зацртаните планови, преку партерно, инфраструктурно и комунално уредување на просторот, ќе создадеме услови домот да живее со сите придружни содржини“.-порача градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски на почетокот на градба на Домот „Втора младост“, чии темели беа осветени од страна на МПЦ-Охридска Архиепископија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

