Контакт

Компании

Групацијата Триглав со добри финансиски резултати

Објавено пред

Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и една од најголемите во југоисточна Европа и во првите девет месеци од 2014 година работеше со зголемена добивка.

dobivaj vesti na viber

 

 

Групацијата и натаму  го задржува високото ниво на финансиска стабилност и ја зајканува водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување, каде го зголеми својот пазарен удел за 0,4 процентни поени, на солидни 36%.

 

Нето добивката на Групацијата, споредено со првите девет месеци од 2013 година, се зголеми за 36%, на 77 милиони евра,  а притоа, групацијата во тешки економски услови обезбеди премија од 688,6 милиони евра. Триглав Осигурување АД, Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првите три квартали од оваа година работеше успешно и обезбеди бруто полисирана премија поголема за 9%, споредено со истиот период минатата година и оствари добивка, повисока од планираната.

 

Групацијата Триглав и матичното друштво во првите девет месеци од 2014 година работеа добро и во согласност со стратешките насоки, а тоа го потврдуваат постигнатите резултати. Во првите три квартали од 2014 година нето добивката на Групацијата Триглав изнесуваше 77 милиони евра (36% повисока споредено со истиот период минатата година), а на матичното друштво 56,1 милиони евра (11% повисока во споредба со истиот период минатата година).

 

Групацијата Триглав и во 2014 година успешно го одржува високото ниво на финансиска стабилност, што се потврдува и со оценките на бонитетните агенциите Standard & Poor’s и A.M. Best. Рејтинг оценката на Standard & Poor’s има стабилна среднорочна перспектива, а A.M. Best ја подобри среднорочната перспектива од стабилна во позитивна. Високата финансиска стабилност на Групацијата Триглав, споредено со крајот на 2013 година се огледува во порастот на најзначајните финансиски категории: за 8% се зголеми книговодствената вредност на средствата (3.311,9 милиони евра), за 6% се зголемија бруто износите на  осигурително – техничките резервации, коишто се темел за балансирано работење и обезбедување на дологорчната сигурност на осигурениците (2.396,4 милиони евра), а дури за 16% е повисока севкупната вредност на капиталот на Групацијата, што е  основа за безбедно работење.

 

Групацијата Триглав во 2014 година ја зајакна водечката положба на словенечкиот пазар. Нејзиниот удел меѓу словенечките осигурителни компании е најголем, изнесува одлични 36% и споредено со минатата година е повисок за 0,4 процентни поени. За сите учесници на словенечкиот пазар условите и оваа година остануваат тешки. Тоа го покажува и падот од 2,8% на вкупната бруто полисирана премија на пазарот во првите девет месеци од оваа година, споредено со истиот период минатата година. Падот на премијата на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар е помал и изнесува 1,9%. Гледано пошироко, Групацијата Триглав на сите осум пазари каде работи обезбеди 688,6 милиони евра бруто осигурителна и соосигурителна премија (2% помалку од истиот период минатата година), а матичната компанија обезбеди 463,7 милиони евра (3% помалку од истиот период минатата година).

 

Комбинираниот количник во неживотното осигурување на Групацијата Триглав, со којшто се мери профитабилноста на работењето во осигурување, согласно зацртаната стратегија се движи околу таргетираната вредност и изнесува 95,4% (3,1 процентни поени  помалку од истиот период минатата година). Комбинираниот количник на Заваровалница Триглав изнесува 94,3% и споредено со  истиот период претходната година овој количник е зголемен за 6,5 процентни поени.

 

На деловниот резултат на матичното друштво, како и на Групацијата, релативно сериозно влијание има зголемениот обем на штети. Во првите девет месеци од 2014 година имаше зачестени случаи на невреме со снег и мраз на подрачјето на цела Словенија, коишто предизвикаа штета во износ од 10 милиони евра. Во првите девет месеци од оваа година Групацијата евидентираше 6% помалку бруто износи на штети (440,8 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, а матичното друштво 5% помалку (296,3 милиони евра).

 

Приносите од финансиските инвестиции на Групацијата, коишто претставуваат најголем дел од средствата на Групацијата, во првите девет месеци оваа година достигнаа 140 милиони евра и дури за 208% беа поголеми од истиот период минатата година. Високиот пораст пред сѐ се должи на зголемување на добивката од продажба при тргувањето со должнички хартии од вредност и значајно помалата исправка на вредност на финасиските инвестиции, споредено со истиот период минатата година.

 

Бруто оперативните трошоци во рамките на осигурителната дејност во групацијата Триглав во споредба со истиот период од 2013-та година пораснаа за 3% и изнесуваат 170,7 милиони евра. Во Заваровалница Триглав тие се зголемија за 2% и изнесуваат 119,1 милиони евра. Зголемувањето на наведените трошоци првенствено се должи на спроведените продажни акции.

 

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, за работењето во првите девет месеци од 2014 година изјави: „Работењето на Групацијата Триглав и на матичното друштво беше добро и фокусирано кон постигнување на стратешките цели. Групацијата, согласно стратегијата до 2017 година, ги спроведува сите потребни активности за јакнење на силната позиција како на словенечкиот, така и на другите целни пазари, истовремено задржувајќи ја цврстата адекватност на капиталот, финансиската стабилност и високата профитабилност. Стабилноста на Групацијата и издржаноста на зацртаните насоки се потврдуваат со високите рејтинг оценки од познатите бонитетни агенции“.

 

Триглав Осигурување Скопје во првите девет месеци од 2014 година работеше добро и оствари 29% поголема добивка од планираната. Компанијата го зголеми својот пазарен удел за околу 0,5 процентни поени, споредено со истиот период минатата година. Во дадениот период компанијата успешно заврши некои од стратешките проекти, како што е на пример мобилната теренска продажба, а истовремено ги спроведува потребните активности за понатамошен развој на сопствената продажна мрежа.

 

„Прецизно дефинираната стратегија и доследното спроведување на нејзините насоки континуирано придонесуваат Триглав Осигурување да ја зацврсти лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Во првите три квартали од 2014-та година повторно постигнавме одлични резултати, поточно обезбедивме бруто полисирана премија во доменот на неживотно осигурување поголема за околу 8%, во услови кога пазарот порасна за помалку од 5%. Овие резултати се во согласност со зацртаната мисија Триглав да биде креатор на развојот на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Дополнително, Триглав Осигурување оствари најдобар резултат на пазарот и во доменот на исплата на штети, со удел поголем од 18%, што е уште еден показател за ефикасноста на процесите во компанијата, како и за финансиската стабилност и доверливост на компанијата“, изјави Извршната директорка на Триглав Осигурување Скопје, Сања Танчевска. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“

Објавено пред

Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.

dobivaj vesti na viber

Официјален опис на процесот

На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.

Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.

Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:

„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“

Искуство од прва рака

Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.

„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.

„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.

Исцрпувачко и монотоно

Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.

„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.

„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.

Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.

„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.

Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.

Прикажи повеќе...

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет3 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија6 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет7 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет8 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет13 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет17 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет17 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет18 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет18 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет19 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет19 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија19 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет19 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет20 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет23 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија24 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет24 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...